НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Извршителите од денеска продолжуваат со присилна наплата на долговите

0
By Нова ТВ on July 24, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Мораториумот на извршувања од денеска не е на сила. Последната одлука за вонредна состојба е одамна завршена, изминаа и дополнителните рокови за „замрзнување“ на обврските на граѓаните, па старите законски одредби се повторно во игра. Комората на извршители на (КИРМ) во најава кај физичките и кај правни лица се повика на последната Уредба со законска сила за измена и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за извршување чија важност се однесуваше за уште 30 дена по престанување на вонредната состојба

„Ова значи дека од 24 јули 2020 година продолжува целосната примена на Законот за извршување“, соопштија од КИРМ.

Ново одложување на извршувањето или продолжување на важноста на Уредбата не е можно, бидејќи Македонија повеќе не е во вонредна состојба. Ќе се извршува сè што беше запрено со Уредбата со законска сила од 1 април – блокирани сметки кај комерцијалните банки, кај правни и кај физички лица, како и забраната ставена на плати и на пензии кај работодавачите и Фондот за ПИОМ. Продолжуваат продажбите врз недвижности, продолжуваат пописите врз подвижни предмети и сите дејства утврдени со законот за извршување.

„Извршувањето врз плата и пензија може да се спроведува до износот од една третина на платата или пензијата, а во случаи на побарувања заради издршка, надоместок на штета заради загубена издршка поради смрт на давателот на издршката и друго, може да се спроведе извршување до една половина од платата или пензијата. Должникот чија сметка е блокирана, а на неа прима плата односно пензија, неопходно е писмено да го извести извршителот и да презентира доказ кај извршителот, со цел да се одблокира сметката во банка и да се продолжи извршување со остатокот од паричните средства кои не го зафаќаат законскиот минимум од 1/3 односно 1/5“,објаснуваат од КИРМ.

Според податоците на Народна банка, до март биле блокирани повеќе од 106.000 сметки, од кои 26.000 на компании, а 80.000 на граѓани.

вонредна состојба извршители комора уредба
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.