НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Света Софија: Се затвора музејот, се отвора џамијата

0
By Нова ТВ on July 24, 2020 ВЕСТИ
Фото: dw.com/reuters
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Според наводите за турската Служба за верски прашања (Дијанет) на денешната петочна молитва во Света Софија ќе присуствуваат 500 луѓе. Илјада посетители се очекуваат на Плоштадот султан Ахмед пред објектот. Турските медиуми јавуваат дека за безбедноста на џамијата ќе се грижат 17.000 полицајци. Во текот на церемонијата ќе бидат покриени христијанските статуи, икони и фрески во црквата, џамија или музеј.

Само пред две недели турската влада доби дозвола за Света Софија да ја пренамени и претвори во џамија. Врховниот управен суд на Турција на 10 јули донесе одлука дека црквата може да стане џамија.

Политика под куполата

Монументалниот објект и архитектонско монументално дело, кое во шестиот век по Христос го изградил византискиот цар Јустинијан, постојано бил предмет на симболичка политика. Кога Османлиите во 1453 година го освоиле Константинопол, султанот Мехмед Втори црквата веднаш ја претворил во џамија.

Основачот на модерна Република Турција, Мустафа Кемал Ататурк, го искористил божјиот дом за чин со високо симболичко значење. Тој во 1935 година од Аја Софија направил музеј. Модерна Турција е секуларна држава, гласела тогашната порака.

Симболичкото значење на ова светско културно наследство го користи и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. За многумина негови националистичко-исламистички избирачи, Света Софија е симбол на освојувањето на христијанскиот Константинопол од страна на Османлиите и супериорноста на исламскиот свет.

„Освоена со сабја“

Иницијативата на турската владејачка Работничка партија (АКП) ја следи националистичка реторика.

„Света Софија е наша географска сопственост. Оној кој ја освоил со сабја, има право и на сопственост”, изјави заменикот претседел на АКП, Нуман Куртулмус: „Света Софија е дел од нашиот суверенитет“

Владејачката партија беше сигурна во победа и пред донесувањето на судската одлука. На 567 годишнината од освојувањето на Цариград, еден имам во Света Софија читаше сури од коранот. Во турската јавност уште тогаш се шпекулираше дека одлуката е веќе донесена и дека се во прашање први подготовки.

Критика од православната црква

Овој експеримент отвори нови ровови. Вселенскиот патријарх Вартоломеј остро реагираше на претворањето на Света Софија во џамија.

„Света Софија е еден од најзначајните споменици на човечката цивилизација и таа не припаѓа само на непосредните сопственици, туку на „целото човештво“, изјави патријархот на литургија во Истанбул.

Никола Узуноглу, претседавач на Здружението на Турци со грчко потекло, за Дојче веле уште пред одлуката на судот изјави дека е погрешно тоа што Света Софија се користи за политички поткусурувања. Тој истакна дека овој објект претставува симбол на мирот меѓу религиите и цивилизациите.

Повици за помош од папата Франциско

Промената на намената на Света Софија остро ја критикуваше и Руската православна црква.

„Ова е оглушување на загриженоста на милиони христијани”, изјави Владимир Легоида од Московската патријаршија за руската новинска агенција Интерфакс. „Одлуката на судот покажа дека се игнорирани сите барања.”

Претседателката на Грција, Катерина Сакеларопулу го замоли папата Франциско во спорот околу Света Софија да го искористи своето меѓународно влијание. Турската влада мора да ја ревидира својата одлука и повторно да го врати статусот на овој објект како споменик на културата, гласи молбата на Сакеларопулу до папата, како што пренесуваат грчките медиуми.

Папата Франциско веќе во неделата по одлуката за промена на намената на Света Софија на Плоштадот Свети Павле во Рим рече дека чувствува „голема болка“ кога ќе помисли на заштитниот знак на Истанбул.

Една зграда, две религии

Загриженост поради пренамената на музејот е присутна и во академскиот свет.

„Вакви градби во светот можат да се набројат на прстите од една рака, тие мора да се сочуваат“, изјави историчарот Едхем Елдем од истанбулскиот Богазичи универзитет. Притоа, Света Софија е заедничко универзално културно наследство. „Зар ова наследство ќе го заградиме и сокриеме или сепак ќе му го презентираме на светот?“, прашува Елдем.

„Овој објект веќе 1.500 години им служи на две светски религии, а да не морало да биде архитектонски целосно променет“, изјави историчарот Едхем.

Додуша, по турското освојување, на христијанската црква ѝ се доградени минариња.

Но, ова наследство се чини дека претседателот Ердоган сака целно да го искористи. И изборот на проповедник за првата петочна молитва е политички знак: претседателот на Дијанет Али Ербас е познат по своето конзервативно толкување на исламот.

Врховниот исламски авторитет на Турција и во април годинава, по една проповед во текот на Рамазан потпадна под жестока критика. Причина: Ербас за избивањето на заразата со коронавирус ги обвини хомосексуалците и оние кои не се мажени или женети.

„Света Софија“ музеј Турција црква џамија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.