Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЗНМ и ССНМ со осуда на заканите кон Мирослава Брнс и нападот врз Љупчо Златев

0
By Нова ТВ on July 24, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 24, 2020 15:13

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари на Македонија (ССНМ) остро ги осудуваат нападот врз новинарот и уредник на „Лидер“, Љупчо Златев што се случил синоќа во еден скопски локал, како и онлајн заканите по безбедноста на новинарката на „Слободен печат“, Мирослава Бурнс.

„Од Министерството за внатрешни работи бараме итно да ги истражи мотивите за нападот врз Златев како и лицата кои биле вклучени во инцидентот. Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство само преку брза постапка ќе покажат дека постои волја за расчистување на случаи во кои има напади врз новинари. Со тоа ќе се придонесе кон обесхрабрување на идни напади, а и ќе се подобри степенот на безбедност на новинарите и медиумските работници“, наведува во реакцијата на ЗНМ за нападот врз Златев.

Во врска со Бурнс, која во текот на вчерашниот ден добила низа закани на својот личен профил на Фејсбук поради објавување текст за свадба во Тетово, укажувајќи дека тоа е спротивно на законската регулатива која се однесува на борбата против Ковид-19, ЗНМ исто така бара МВР и ОЈО да преземат итни дејства.

„Бараме од Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство итно да преземат дејства за откривање на лицата кои стојат зад профилите кои се заканиле на новинарката и да ги изведат пред лицето на правдата. Објавувањето на вакви и слични престапи од јавни собири преку кои може да се загрози јавното здравје е од јавен интерес и новинарите во никој случај не треба да добиваат закани по својот живот поради откривање и обелоденување на ваквите групни собири“, нагласуваат од ЗНМ.

Овој напад, се оценува во соопштението, уште повеќе ја истакнува потребата од законски измени во Кривичниот законик.

„Во соработка со ССНМ подолго време бараме измени со кои нападите врз новинарите и медиумските работници треба да бидат третирани како напад врз службено лице. Ова значи дека со ваквите измени на законот, институциите ќе бидат обврзани по службена должност да преземаат мерки и дејствија за расчистување на нападите врз новинарите“, потсетува ЗНМ.

Здружението напоменува дека сите видови притисоци и закани кон новинарите и медиумските работници негативно се одразуваат врз слободата на изразување и креираат ефект на самоцензура. Од идната влада ЗНМ очекува сериозно да се зафати со креирање на безбедна работна средина за новинарите како еден од најважните предуслови за слободно новинарство.

„Од новата влада, како и од новиот парламентарен состав, ќе продолжиме да бараме итно да се пристапи кон измени и дополнувања на Кривичниот законик со кој ќе се гарантира поголема заштита на новинарите и медиумските работници. Новинарската професија е клучна за функционирањето на секоја демократска држава и затоа сметаме дека е крајно време законски да се заштитат професионалните новинари како едни од клучните столбови за штитење на јавниот интерес“, порачуваат од ЗНМ.

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) остро го осудува физичкиот напад врз новинарот Љупче Златев што се случил синоќа во еден скопски локал. Според Златев, тој бил физички нападнат од лице, подоцна идентификувано од нападнатиот, кое се обидело да го исфрли од локалот при што му биле нанесени повеќе лесни телесни повреди.

Нападот е пријавен во полиција и ССНМ, стои во денешното соопштение, очекува брзо откривање на сторителите и нивно изведување пред лицето на правдата .

„Слободата на говор и плурализмот во медиумите се основи на секоја демократија и без основна безбедност на новинарите и медиумските работници, не е можно практикување на оваа професија. Ги повикуваме институциите, МВР и Основното јавно обвинителство итно да постапуваат во ваквите случаи и тие да не се оставаат нерешени, бидејќи неказнивоста значи и еден вид охрабрување на идните престапници“, се наведува во соопштението од ССНМ.

Од ССНМ уште еднаш потсетуваат дека е потребна итна измена на Кривичниот закон, при што нападот врз новинари и медиумски работници ќе се третира како напад врз службено лице, односно институциите ќе мора по службена должност да преземаат дејствија за расчистување на ваквите напади.

закани ЗНМ Љупчо Златев Мирослава Брнс напад осуда Реалции ССНМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Зграда се урна во Германија – спасувачите трагаат по тројца исчезнати

May 19, 2026

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 20, 2026

Обвинителството чека клучни докази од МВР за наводното шпионирање во кабинетот на Давкова

ВЕСТИ May 20, 2026

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција веќе подолг период нема повратна…

Пекинг: По Трамп и Путин на два дена кај СИ

May 20, 2026

Филипче: Доста е со лагите и лицемерието – во владата врие од бугарски пасоши

May 19, 2026

Советот на Европа го забрза процесот за Специјален трибунал за злосторството агресија против Украина – на списокот уште ја нема Северна Македонија

May 18, 2026
ТИКЕР

Зграда се урна во Германија – спасувачите трагаат по тројца исчезнати

May 19, 2026

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.