НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Моја Европа: Неопходно е спротиставување на корумпираните балкански елити

0
By Нова ТВ on July 26, 2020 ВЕСТИ
Фото: dw.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Автор: Гудрун Штајнакер која меѓу 1976. и 2016. поминала 13 години на Западен Балкан, на крајот како германска амбасадорка во Северна Македонија и во Црна Гора

Црна Гора и Србија се во пристапни преговори со Европската Унија (ЕУ), а во март беше донесена одлука за нивно отпочнување и со Северна Македонија и со Албанија. Босна и Херцеговина има поднесено барање за членство, а Србија блокира секаков напредок на Косово. Ова е едната страна на процесот на проширување. Но, каква е ситуацијата во пракса со толку многу рекламираните вредности: демократија, правна држава и одржлив развој?

Постои „напредок“ од 1989 година, но тој беше успорен поради војните при распадот на Југославија. Со исклучок на Косово, за „шестката од Западен Балкан“ важи слобода на патување, која многумина ја користат за отселување на Запад. Во синџирите супермаркети, кои се претежно во германски раце, на продажба има главно увезени стоки, домашните производи се најчесто реткост.

Коруптивните крупни градежни проекти и изградбата на мали хидроцентрали, сечата на шумите, кражбата на земјиште и неконтролиран развој на туризмот на прекрасната природа ѝ нанесуваат големи штети. Образовниот и здравствениот систем се на ужасно ниско ниво, невработеноста е висока. Без дознаки од иселениците од странство и значителен неформален сектор, многумина не би можеле да преживеат. Време е да се признае дека неолибералната трансформација на Балкан доживеа неуспех, пишува Гудрун Штајнакер која меѓу 1976. и 2016. поминала 13 години на Западен Балкан, на крајот како германска амбасадорка во Северна Македонија и во Црна Гора во текстот што го пренесува „Дојче Веле“.

 

Нарушена „блескавата“ изборна победа на Вучиќ

Ниската излезност на изборите во Србија, во Хрватска и во Северна Македонија е одраз на длабоко недоверба во демократијата. Демонстрациите во Белград го потемнеа „сјајот“ на изборната победа на владеачката партија на претседателот Александар Вучиќ.

Северна Македонија, по валканата изборна кампања, се наоѓа пред речиси неможно формирање влада. Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, во која се полагаа огромни надежи, е осудена поради корупција. Бившиот шеф на тајната служба и братучед на екс-премиерот Никола Груевски, Сашо Мијалков, некогашен „капо ди капи“ кој сееше страв и трепет, истовремено и еден од најбогатите претприемачи, гордо парадира низ Скопје. Никола Груевски ужива во своето богатство во егзил во Будимпешта.

БиХ е држава со која е неможно да се владее, во која елитите со клептократи како Милорад Додик и Бекир Изетбеговиќ на чело, меѓусебно си ги делат ресурсите. Албанија и Косово се наоѓаат во постојан кризен модус. Избраниот косовски премиер Албин Курти беше соборен со помош на интриги од САД, косовскиот претседател Хашим Тачи е соочен со обвинение во Ден Хаг поради воени злосторства, што албанскиот премиер Еди Рама го квалификува за напад против сите Албанци.

Малата Црна Гора, во која во септември ќе бидат одржани избори, е поларизирана поради апсурден спор околу законот за религии меѓу ултрареакционерната Српска православна црква и кликата на долгогодишниот владетел и претседател Мило Ѓукановиќ.

Кој се чуди што исчезнуваат милијарди?

Кого го чуди што исчезнуваат милијардите од ЕУ, Европската централна банка, Светската банка, ММФ и другите организации?

Од 1989 година се етаблираа хибридни демократии, клептократии или мафијашки држави. Економистот од српско потекло, Бранко Милановиќ, во својот блог пишува за „повеќепартиски клептократии“; политикологот Јасмин Милановиќ во својата книга „Глад и бес” го употребува терминот „еластичен авторитаризам“; претседателот на Транспаренси Интернешнл за БиХ, Срѓан Благовчанин во својата актуелна студија зборува за „владеење на картели“. Според мислењето на Ведран Џихиќ од Австрискиот институт за меѓународна политика, изборите во Србија беа „привидна демократија и илузионистичка уметност“.

За жал, ни во некои држави од ЕУ не изгледа многу подобро. Само што тие имале среќа правовремено да станат членки на клубот, како што докажуваат примерите од Романија и од Бугарија, од Малта, од Кипар, од Унгарија и од Полска. Унгарскиот социолог Балинт Маѓар уште во 2016 година ја означуваше Унгарија како „посткомунистичка мафијашка држава“. Неговите критериуми се применливи и на шесте држави од Западен Балкан.

Носителите на одлуки во Брисел и нивната бирократија, со оглед на другите приоритети, речиси не се грижат за тоа. Всушност, нема голема логика да се опоменува Балкан на придржување на „основните правила“ на реформи, кога државите од ЕУ, исто и Германија, ги игнорираат правилата доколку се допре до нивните „сопствени интереси“. Европските партиски сојузи, посебно Европската народна партија и Партијата на европските социјалисти, играат сомнителна и опасна улога во аранжамните со клептократиите на Балкан. Етикетирањето на балканските партии како конзервативни, христијански, либерални, социјалдемократски или социјалистички е едноставно погрешно.

„Вртење милиони“

Таканаречениот „Берлински процес, започнат во 2014 година, со голем елан и добри намери, не вроди со ништо, испадна според поговорката: „се тресеше гората, се роди глушец“. Организацијата за младинска размена РИКО (Regional Youth Cooperation Office), речиси единствениот конкретен резултат од Процесот, со ова не треба да биде обезвреднета. Својата егзистенција таа им ја должи на ангажирани претставници на цивилното општество.

Планираните инфраструктурни проекти постојат само на хартија. Кина, пак, гради автопатишта, железнички линии и мостови, понекогаш дури и со средства за поддршка од ЕУ и ги намамува државите во должничка замка. Одржливоста на овие проекти е друга приказна. Но, тие се најдобро погодни за „вртење“ на повеќемилионски суми.

Еколошки, односно развој кој ќе биде усогласен со промената на климата и загрозениот биодиверзитет се чини не им е од интерес ни на балканските елити, ниту на нивните европски партнери. Голема е опасноста притисокот за брзо „економско закрепнување“ по короната да доведе до тоа напорите за еколошки пресврт во корист на луѓето и природата да останат само празни зборови.

Потребно е да се собере храброст

Крајно време е за темелно преиспитување на политиката на ЕУ кон Балкан. Нова „методолгија“ нема да даде резултати. Неопходно е спротиставување кон корумпираните елити во политиката и економијата. Тие мора да бидат повикани и на лична одговорност. Тоа е можно единствено во соработка со навистина слабото, но разнолико и живо цивилно општество. Сè додека на младината ѝ останува само изборот меѓу прилагодување и отселување, нема да може да се запре егзодусот на добро образованите.

Конечно, во Брисел исто како и во Берлин и во Париз, потребно е да се собере храброст со елитите на Балкан да се разговара без влакна на јазикот. Тоа меѓутоа значи да се именуваат и да се отстранат и сопствените дефицити. Зашто, „да продолжиме како и досега“, би било фатално.

 

Европа ЕУ Западен Балкан Македонија Србија Хрватска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.