Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Западен Балкан од денеска само со негативен ПСР тест во Австрија

0
By Нова ТВ on July 27, 2020 СВЕТ
Фото: schengenvisainfo.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 27, 2020 09:56

За македонските државјани, како и за останатите граѓани од земјите на Западен Балкан што се смета за ризичен регион, од полноќ стапија во сила новите мерки за влез во Австрија, меѓу кои и задолжителен негативен ПСР тест не постар од 72 часа.

Мерката за спречување на ширењето на Ковид-19 се однесува и за граѓаните на Австрија, на Европската Унија (ЕУ), на Европската економска заедница, на Швајцарија, како и за сите државјани на трети земји кои живеат во Австрија, а се враќаат во земјата од региони со ризик. Според указот на Министерството за здравство, новите мерки значат дека лицата мора да покажат негативен ПЦР тест на границата, не постар од три дена.

Доколку лицето го нема при влез, ќе мора во самоизолација што може да се прекине со ПЦР тест, доколку се направи во Австрија во рок од 48 часа, на сопствен трошок. Доколку ПЦР тестот не се направи во рок од 48 часа, на лицето ќе му се изрече парична казна до 1.450 евра. Задолжителен карантин, дури и во случај на негативен ПЦР тест е предвиден само за државјани на трети земји кои не живеат во Австрија, кои, меѓутоа, и натаму не можат да влезат во Австрија без „валидна причина“.

Уредбата, исто така, го намали времетраењето на самоизолацијата од претходните 14 на 10 дена, а државјаните на трети земји не можат да ја прекинат самоизолацијата дури и со ново тестирање во Австрија.

Посебно правило важи за дипломатите, сезонските работници и негувателки од трети земји, а тоа е дека мора да покажат негативен ПЦР тест и да одат во десетдневен карантин, што може да го напуштат само по нов тест направен во Австрија, се разбира доколку е негативен. Транзит низ Австрија без запирање е можен, според уредбата, без никакви ограничувања.

Австрија Влез Западен Балкан Ковид-19 Македонија ПСР тест
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 12, 2026

Охрид: Со гала-концертот „Љубов“ вечерва се отвора 66-тото издание на Охридско лето

ВЕСТИ July 12, 2026

Со гала-концертот „Љубов“, на кој ќе настапат светски познатата албанска сопранистка Ермонела Јахо и американскиот…

Иран го затвори Ормутскиот премин, САД возвратија со нов бран напади врз над 140 воени цели

July 12, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

July 8, 2026

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.