НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски: Крушевскиот манифест е носечки код врз кој почива оваа македонска држава

0
By Нова ТВ on August 2, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ова е мој трет Илинден да зборувам за она што следи во месеците и годините што се пред нас како претседател на најголемата политичка партија, рече во денешното обраќање Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ по повод државниот празник 2 август – Илинден во струшкото село Ташмаруништа.

„Ќе започнам со „Ура“ за „Афтономна Македонија“ бидејќи тоа се зборови од Крушевскиот манифест кој е своевидното евангелие на македонското револуционерно дело. Тоа е носечкиот код врз кој почива оваа македонска држава и од тогаш до денес, секоја година на „Свети Илија“ се празнува овој подвиг. И мене ми е особена чест што и оваа година сум во струшко Ташмаруништа заедно да го одбележиме најсветлиот празник за Македонија. Сто и седумнаесет години од Илинденското востание татни комитското „ура“ за слободна, независна и автономна Македонија и 76 години од вториот Илинден кој ја запечати желбата за слобода и ја круниса таа вековна епопеја на македонскиот народ за своја држава“, рече Мицкоски.

Илинденците и сето она за што се бореа, подвлече лидерот на опозициската партија, е нашата света кауза поради која и постои ВМРО. Ова не се само обични букви, тоа е кодот на Македонецот преточен во букви со историска големина и ако некој мисли дека ВМРО припаѓа само на една историска генерација, потенцира тој, треба да знае дека, пред сè, тоа му припаѓа на народот, на жените и на мажите, на старите и на младите, на православните, на католиците, на муслиманите, на евреите и така ќе остане.

„Супстратот на ВМРО секогаш биле западните идеи и кога многумина во 19. век зборувале за монархии, цареви и кралеви, ВМРО се формираше со идеја за „Република“ и поради борба за слобода. Токму таа борба го калеше жезолот на слободата во која се вградени најголемите јунаци на оваа земја и затоа нашата слобода денес не е подарена туку тешко спечалена“, говореше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Нашата борба за слобода има константа, рече меѓу другото, се крена Илинденското востание, а потоа продолжија партизаните, како продолжение на сите претходни стремежи за слобода и создавање на држава.

„Сето ова е обврска која нè задолжува да ја одбраниме слободата секогаш кога таа ќе биде нападната. И знам дека и денес исто како и во тоа време има неправди, удари, подмолни струи кои треба да нè обесхрабрат, втурнат во апатија, да се откажеме. Но, секој треба да знае дека овој ден денес го славиме не затоа што илинденците се откажале, туку затоа што се бореле. А борбата за Македонија е вечна, исто како и идеалот за неа“, истакна Мицкоски.

Илинден е огнот на страствената битка за правдини и тој е резултат на многу илиндени претходно, многу востанија и битки, потенцира меѓу другото Мицкоски и додаде дека нашата држава повторно ќе се исправи, главата горе, стаменито и гордо продолжуваме низ нови премрежја и битки за нашата заедничка среќа.

ВМРО-ДПМНЕ Илинден Македонија Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.