Двајцата пациенти на кои им беше извршена трансплантација на бубрези се наоѓаат во добра здравствена состојба. На 31 јули беа експлантирани два бубрега од 46 годишен пациент со констатирана мозочна смрт и беа трансплантирани кај 35 годишна жена и 60 годишен маж. По трансплантацијата, пациентите закрепнуваат на Клиниката за урологија, соопшти Министерството за здравство.
„Пациентите, по трансплантацијата, закрепнуваат на Клиниката за урологија. Нивната здравствена состојба е стабилна, под континуиран надзор и грижа од страна на лекарскиот тим. Задоволен сум што во изминатите три години изведовме 55 трансплантации од кои 10 од починат дарител. Кон крајот на мај изведовме прва трансплантација на срце. Со ова, пациентите имаат нова шанса за живот“, изјави министерот за здравство Венко Филипче.