НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вечерва на „Охридско лето“ – „Сестри Прозорови“ на велешкиот театар

0
By Нова ТВ on August 5, 2020 КУЛТУРА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Магијата на фестивалот „Охридско лето“ по синоќешното свечено отворање со прекрасниот настап на уметниците Марија Јелиќ, Дарио ди Виетри, Иван Томашев и Аманда Стојовиќ во пијано придружба на маестро Миливое Велиќ, продолжува вечерва, со драмскиот дел од програмата. Сцената во предворјето на „Света Софија“ е резервирано за претставата „Сестрите Прозорови“, работена според мотиви од текст на Чехов, а во изведба на актерите од Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ од Велес.

Станува збор за коавторски проект на Сашо Димоски и Васил Зафирчев, во кој се третира „Случајот“ на сестрите Прозорови, инспириран од ужасот кој се случувал во периодот од 1946 година до 1958 година во Алабама, САД.

Хенри Т. Џонс, по самоубиството на неговата сопруга Мелани извршено со истрел од пиштол во глава, ги затворил своите три ќерки – Тара (11 години), Мери (7 години) и Ирма (4 години) во подрумот од својата куќа. Пријавуваќи ги пред надлежните органи за исчезнати, дал исказ дека е возможно нивната мајка да ги убила пред да се самоубие и ги сокрила телата. Алибито успешно го спроведувал полни 12 години. Тој ги држел затворени во подрум во својата куќа до својата ненадејна смрт во сообраќајна несреќа во 1958 година, излетувајќи со автомобилот во провалија.

Тогаш, при увид во домот на несреќно загинатот Хенри, полицијата ги пронашла трите одамна исчезнати сестри. Кога излегле од подрумот, Тара имала 23 години, Мери – 19, а Ирма – 16. Се претставиле како Олга, Маша и Ирина Прозорови, ќерки на покојниот полковник Прозоров. Спиеле на земјен под, биле врзани со метални синџири фиксирани на подрумските ѕидови кои им го ограничувале движењето, вршеле физиолошки потреби во истата подрумска просторија. Татко им ги бањал со црево, фрлајќи им еден сапун. Покрај храна, вода и оскудната облека, единствена работа која ја имале кога биле пронајдени, била пиесата на Чехов „Три Сестри“ .

Улогите во претставата ги толкуваат Кети Борисовска, Маја Љутков, Славица Манаскова, Жарко Спасовски и Фаик Мефаилоски. Почетокот на претставата е во стандардниот фестивалски термин од 21 часот, со забелешка дека претставата не е препорачлива за лица помлади од 16 години.

„Сестри Прозорови“ Охридско лето претстава Театар Велес фестивал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.