Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Урнати дрвја и искршени гранки по невремето во Скопје

0
By Нова ТВ on August 6, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 6, 2020 12:07

Екипите на јавни градски претпријатија се излезени на терен и интервенираат по невремето што го зафати Скопје. Од ЈП „Паркови и зеленило“ за МИА информираат дека денеска паднала врба врз автомобил во Автокоманда што по интервенцијата е отстранета.

Вчера, пак, се интервенирало на улица „Вич“ во Карпош 4, спроти градинката „Орце Николов“, каде, исто така, имало пријава за паднато дрво. Имало интервенција и во Карпош 2, на улица „Шекспирова“ каде имало паднати гранки кои се отстранети во текот на вчерашниот ден. Во Ѓорче Петров, кај Пазарчето, на улица „Македонска војска“ исто така имало паднато дрво, а во текот на вчерашниот ден екипите интервенирале и на Водно, во близина на амбасадите, каде имало паднати и искршени гранки.

Поради најавите за обилни врнежи проследени со силен ветар и грмотевици во скопскиот регион до крајот на неделава, од „Паркови и зеленило“ ги предупредуваат граѓаните на претпазливост и да внимаваат да не ги паркираат своите возила под високите дрвја, со цел да се избегне настанување на штети и несакани последици.

Од ЈП „Водовод и канализација“ за МИА информираа дека на терен нема поголеми интервенции поради невремето. Екипите се излезени на време и сега засега не е предизвикан застој во движењето. Во тек се активности за расчистување и непречено функционирање на атмосферската канализациска мрежа што, според ќе продолжат и денеска, со расчистување и проверка на функционалноста на сливниците и шахтите во сите општини на територијата на Град Скопје.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), најмногу дожд до осум часот изутрина наврнал во Демир Капија каде се измерени 59 литри на метар квадратен, како и во Скопје-Петровец – 54 литри и во Охрид – 50 литри.

УХМР за денеска најавува претежно облачно време со чести врнежи од дожд. Локално ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветар. Во текот на денот, како и во текот на ноќта повторно се очекува да наврне поголема количина на воден талог што на места ќе достигне до 35 литри на метар квадратен.

Времето во Скопје ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а попладне и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Максималната температура ќе достигне до 25 степени.

Во наредните денови ќе продолжи период на променливо облачно, нестабилно и посвежо време со повремени врнежи од дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со силен ветер, електрични празнења и изолирана појава на град.

Метео невреме прогноза Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
shortcut
ФОКУС
June 27, 2026Updated:June 27, 2026

Ирска нов претседавач со ЕУ: Во програмата за работа следни за прием се Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија – Македонија ја нема

ВЕСТИ June 27, 2026

Ирска од 1-ви јули застанува на чело на ЕУ – во фокусот на проширувањето се…

Каракас: Расте бројот на жртви од земјотресите во Венецуела – досега се евидентирани над 1.000 но над 50.000 граѓани се водат за исчезнати

June 27, 2026

САД извршија нови напади врз Иран

June 26, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

June 25, 2026
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.