НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ИО за промени во ВМРО-ДПМНЕ: Барање за оставка на Мицкоски и за вонреден конгрес

0
By Нова ТВ on August 21, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Иницијативен одбор (ИО) за промени во опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска излезе со барања за оставка на лидерот Христијан Мицкоски и за свикување на вонреден конгрес за избор на новo раководство. Неговите членови ги изнесоа на прес-конференција пред седиштето на партијата, при што напоменаа дека немаат конкретен предлог, туку преку вонредниот конгрес на демократски начин да се овозможи да се кандидираат сите оние кои имаат аспирации да ја водат партијата.

На прес-конференцијата говореше досегашната пратеничка и членка на Извршниот одбор на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Весна Дамчевска Илиевска, а меѓу другите беше придружувана и од Ивица Конески, поранешен градоначалник на Аеродром.

„ВМРО-ДПМНЕ има сила, знаење и капацитет да ја врати довербата на граѓаните, затоа што граѓаните знаат дека ВМРО-ДПМНЕ секогаш бил на браникот на државните интереси. ВМРО-ДМНЕ има потенцијал и кадри кои можат да понудат алтернатива да запре економскиот пустош, кој три години ја коси Македонија. Старо-новата коалиција на Зоран Заев не е никаква гаранција дека граѓаните ќе живеат подобро. Напротив, оваа власт ниту може подобро, ниту знае подобро. За жал, на оваа власт некој и овозможи таков луксуз да победи и да формира Влада. Тука не мислиме на оние 327.000 наши сограѓани кои гласаа за Зоран Заев. Тие не се виновни. Не се виновни ниту оние стотици илјади кои останаа дома и одлучија да апстинираат“, изјави Дамчевска Илиевска.

Одговорноста за тоа ја насочи кон лидерот на партијата, Мицкоски и неговите најблиски соработници.

„Виновен е тој што не ги искористи капацитетите на партијата и форсираше поделби наместо да ги обедини силите. Виновен е тој што не успеа да изгради и заземе цврст став по ниту едно прашање. Одговорност за неуспесите мора да има. Кога еден тим губи не може да биде одговорна публиката на играчите кои биле оставени на клупа или домарот кој се грижи за соблекувалните. Одговорен е тој што го води тимот, а тимот на ВМРО-ДПМНЕ го водеше претседателот Хрисијан Мицковски и неговите најблиски соработници“, рече Дамчевска Илиевска.

Потсети дека Мицкоски како претседател на партијата ги загубил претседателските избори во 2019 година и локалните избори во Охрид и во Ново село.

„ВМРО-ДПМНЕ со Христијан Мицкоски како претседател за кандидат на овие избори излезе со програма и кандидати за пратеници кои не успеја да обезбедат поддршка од граѓаните. Кадрите на Мицкоски и во техничката влада не успеаја да се наметнат како лица кои на граѓаните ќе им покажат нов и различен начин на водење на институциите и ќе одговорат на предизвиците со кои беа соочени. Вината повторно може да се префрла, но вистината е една, вистината е дека најодговорен е тој што го состави тимот, а тоа е господинот претседател Христијан Мицкоски“, додаде таа.

Потсети дека во интервју во минатата година, Мицкоски изјавил дека ќе поднесе остава доколку ги загуби изборите и не успее да формира влада.

„Изборите ги загуби, а не успеа ниту да формира влада. Останува само да ја сочува честа и достоинството, да си го испочитува зборот даден и да се повлече, оставајќи го членството на партијата да избере нов претседател, кој ќе нè поведе во нови победи“, изјави Дамчевска Илиевска.

Таа нагласи дека доколку Мицкоски не свика вонреден конгрес, тие како ИО ќе преземат чекори за закажување на конгресот. На прашањето дали е во контакт со Сашо Мијалков, таа одговори дека нема лични контакти, но дека се среќава со него, понекогаш случајно, понекогаш по потребна, бидеќи и тој е член на партијата.

барања ВМРО-ДПМНЕ вонреден конгрес Иницијативен одбор оставка Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.