НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕВН го загрози коритото на Брајчинска река

0
By Нова ТВ on August 23, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За жал обидите на природата да го одржи еколошкиот баланс често се опструирани од човечкиот фактор. Па така, минатата недела екипи на ЕВН вршеа сеча на дрвјата, чии гранки се вплеткуваа во жиците на далекуводите. Водени од сопстевниот интерес, екипите на ЕВН кои го расчистуваа патот на струјата го заглавија патот на водата и на речната пастрмка. Кубици исечени дрвја се оставени во коритото на брајчинска река поради што во опасност се доведува како протокот на водата така и природниот пат на пастрмката. Дополнително ваквото масовно потрупување на речното корито ги доведува во опасност објектиите и насадите во близината на речното корито кое во вакви услови нема да може да прими поголеми напливи на вода кои се слеваат од планинските потоци.

Речното корито на оваа река од висок еколошки интерес беше доведено во опасност од последиците од минатогодишното силно невреме кое го зафати овој регион. Македонската армија во јуни годинава организираше неколкудневна акција со цел да се расчисти речното корито кое денеска само два месеци по оваа акција на македонската армија беше затрупано од неодоговорниот однос на ЕВН.

Она што е, исто така, важно да се знае е дека ЕВН е компанија од земја членка на ЕУ каква што е Австрија во која општестваената одговорност на бизнисот е на високо ниво, особено кога станува збор за заштитата на човековата околина.

Претставници на локалното население се обидоа да ги контактираат службите во  ЕВН со цел да укажат на последиците од неодговорната сеча на шумата по коритотото на реката но како што велат нивните повеќекратни обиди завршиле без никаков успех.

Брајчино Дрвја ЕВН Македонија Пастрмка Преспа Природа Сеча
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.