НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пријавување за упис на УКИМ од наредната недела: Слободни се 10.798 места

0
By Нова ТВ on August 25, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пријавувањето за упис во прва година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ќе се спроведе в понеделник и во вторник (31 август и на 1 септември). Прелиминарната ранг листа со резултати од успехот од средно образование ќе биде објавена на 3 септември, конечната ранг листа на 7 септември, а  запишувањето на кандидатите ќе биде на 10 и на 11 септември.

Според Конкурсот за запишување на студенти во прв циклус студии за академската 2020/2021 година, што УКИМ го објави пред два месеца, на 23. факултети во негов состав се слободни вкупно 10.798 места. Од нив, 5.300 места се однесуваат на редовната квота т.е. кои се финансираат од буџетот на државата, 4.438 се однесуваат за кофинансирање на студиите и 1.060 слободни места има за вонредни студенти.

Надоместот за студии за редовни студенти останува ист како и во изминатите години – 200 евра во денарска противвредност, а за студентите со кофинансирање и за вонредни е 400 евра.

Поради пандемијата со Ковид-19, оваа година за првпат од воведувањето во 2007 година не се организираше државна матура. Матурантите добија диплома за завршено средно образование која ќе има важност на диплома за државна матура, училишна матура или завршен испит.

Во Конкурсот на УКИМ се наведени условите и критериумите за упис и начинот на бодирање за селекција на матурантите кои ќе бидат примени на факултетите, како и информации за потребните документи.

Вториот рок за пријавување на кандидати за прва година во учебната година 2020/21 на УКИМ ќе биде на 15 и на 16 септември, а третиот е на 28 септември на факултетите на кои ќе останат места.

2020/21 конкурс студенти УКИМ упис
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.