Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Учебната година како желботека

0
By Нова ТВ on August 26, 2020 ВЕСТИ
Фото: dw.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, August 26, 2020 11:39

Сè уште трае неизвесноста на учениците, на професорите и на родителите кога ќе започне учебната година, при што и натаму доминираат различни ставови за начинот на кој треба да се одвива наставата. Министерот за образование во заминување, Арбер Адеми, во неколку наврати посочи дека за спроведување на планот и протоколите е неопходно да има законски измени каде што ќе се остави можност Министерството за образование и наука (МОН) да ја организира наставата согласно со епидемиолошката состојба.

„Да се остави флексибилност за преминување од еден на друг начин на организирање на наставата, во зависност од околностите со кои ќе се соочиме. За ова и за предвиденото кратење на наставните часови, како и за други прашања, е неопходно да имаме измени на законите за основно и за средно образование“, рече Адеми.

Тој процес може да се реализира по изборот на новата Влада на крајот од август, што значи дека учениците ќе го дочекаат први септември без законски измени кои се неопходни за почетокот на учебната година.

Скратена настава

Но, со оглед дека засега се планира настава со физичко присуство само за учениците од прво до трето одделение, законски измени за скратена настава можеби и не се неопходни за оваа категорија на ученици.

Во Законот за основно образование таква можност нуди членот 50, став 6. Тој вели дека „воспитно-образовната работа не смее да се прекинува во текот на наставната година, освен за вонредни состојби (природни непогоди, епидемии и друго), за што одлучува министерот и го утврдува организирањето на наставата до крајот на учебната година, но не помалку од 100 наставни денови, врз основа на скратени наставни програми, изготвени од Бирото, а донесени од министерот“. Инаку, во редовни услови, наставата во учебната година се остварува во 180 наставни денови.

За најмалите ученици, како што изјави министерот за здравство, Венко Филипче, препорака е наставата да почнува со временска дистанца од 10 минути.

„Главната препорака е да има физички присутни деца само од првите три одделенија, со цел да се намали бројот на деца кои би присуствувале во училиштата и да не се излегува од училниците за време на одморите. Учениците од прво, од второ и од трето одделение да почнуваат во различно време со временска дистанца од 10 минути, за да не се среќаваат на влезот, ни на крајот на часовите. Сакаме да ги избегнеме оние лоши сценарија кои ги видовме во земјите кои целосно ги отворија училиштата“, рече Филипче.

Препораката само оваа категорија ученици физички да присуствува на настава се темели на анализа која покажала дека децата на таа возраст заболуваат најмалку и во најлесна форма. Процентуално, под четири проценти се заболени деца до 9 години од Ковид-19. Властите веќе најавија дека во случај родителот да не се согласува со физичко присуство на настава, и ученици од прво до трето одделние алтернативно ќе можат да следат настава онлајн, од дома.

Средношколците на протест

Почеток на наставата со физичко присуство бара и Сојузот на средношколци. Доколку се влоши состојбата со Ковид-19, се согласуваат да продолжат со онлајн настава. На вчерашниот состанок со министерот за здравство и со членовите на Комисијата за заразни болести, тие го слушнале ставот на епидемиолозите кои сметале дека според моменталната ситуација најбезбедно е да учат од дома. Од Сојузот на средношколци имаат друг предлог.

„Да има децентрализиран пристап и комбинирана настава, односно градовите да ја следат епидемиолошката состојба. Второ, да има хигиенски услови во училиштата, зошто пред пандемијата ги немавме. Во случај ако пет проценти од учениците и наставниот кадар се позитивни на Ковид-19, дури тогаш да се премине целосно на онлајн настава, за да не се ризикува јавното здравје“, изјави Бленди Ходаи, претседател на Сојузот на средношколци.

Тие најавија средношколскиот протест на 31 август во 17:30 часот, пред зградата на МОН, кој ќе продолжи до зградата на Владата. Претходно, планираат нивните ставови да ги соопштат на заеднички состанок со родителите и наставниците.

„По протестот, ако не се земат предвид нашите барања, ќе продолжиме со следните чекори, меѓу кои е и бојкот на наставата. Ќе бидеме офлајн“, најави Ходаи.

Сепак, и кај родителите на средношколците постојат стравувања. Во прв план посочуваат неколку причини: користењето на еден до два автобуса за учениците да стигнат до училиште, особено во време кога тие ќе бидат преполни, како и несигурноста дали во училиштата ќе се почитуваат хигиенските услови и препораки за здравствена превентива – маски, дистанца, дезинфекција….

Во предвид ја земаат и средната возраст на наставниот кадар, односно прашањето колку од нив имаат хронични заболувања, па од тој аспект и колку се тие во можност, односно во ризик со физичко присуство на настава. Кај дел од родителите постои впечаток дека наставата со физичко присуство секако претставува поголем ризик отколку учењето од дистанца.

Ковид-19 Македонија Модел МОН Настава Основно училишта родители средношколци учебна година
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.