НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вељаноски за „27 април“: Не направив ништо спротивно на Деловникот

0
By Нова ТВ on August 26, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Судењето за организаторите на настаните од 27 април во парламентот, ќе продолжи на 4 септември со сослушување на сведоци предложени од одбраната на поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски, откако денешното рочиште заврши со презентирање на материјалните докази.

На 4 септември треба да бидат сослушани 15 пратеници меѓу кои Трајчо Димков, Иван Стоилковиќ, Љупчо Димовски, Љиљана Кузмановска, Драган Данев, Панче Минов, Благоја Деспотовски и други. На предлог на поранешниот собраниски спикер, Трајко Вељаноски на денешното рочиште беше презентиран видео запис од продолжението на конститутивната седница на Собранието на 27 април во 2017 година.

Прво беше пуштен дел од обраќањето на Зоран Заев од собраниската говорница во кој повикува да не се крши Деловникот и да се заврши изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието.

Со тоа, Вељаноски рече дека се покажува дека во испратената смс порака, тој само пренесува дел од обраќањето на Заев во кое вели дека ќе изберат претседател на Собранието и во ходник, па и во МАНУ. Вељаноски потоа побара да бидат пуштени делови од обраќањата на пратениците Дамјан Манчевски, Максим Димитриевски, Оливер Спасовски, Илија Димовски, Панче Минов и други од кои рече дека може да се види оти тримесечното доцнење на изборот не е по негова вина, туку на пратеничките групи.

На крај беше пуштен делот по паузата дадена во 17:11 часот и продолжението на седницата во 17:24 часот.

По процедуралните забелешки на Оливер Спасовски и на Илија Димовски, на говорница излегува и Крсто Муковски кој ја пее химната на Македонија, а од видеото се гледа како стануваат сите пратеници и на крајот добива силен аплауз. Потоа пратениицте од СДСМ извикуваат „гласање“, а од ВМРО-ДПМНЕ извикуваат „избори“ и „Македонија“.

Вељаноски укажа дека од посоченото се гледа оти тој не дава веднаш збор на Зекирија Ибраими, како што се вели од Обвинителство, туку дека има тројца пратеници кои добиваат процедурално по Мукоски, па потоа пратеникот Зекирија Ибрахими, добива право на збор и ја пее химната на албански.

Од снимката се гледа дека Вељаноски потоа ја прекинува седницата во 18:01 часот и кажува дека истата ќе продолжи наредниот ден во 11 часот.

„Од ова се гледа дека ништо не е направено спротивно од Деловникот. Дека ништо не е поинаку сега кога веќе трае еден месец“, изјави Вељаноски.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков. Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

 

Македонија рочиште Случај „27 април“ Собрание Трајко Вељаноски упад
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.