Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СЗО го критикува „шокантниот глобален диспаритет“ до пристапот до Ковид-19 вакцини

0
By НОВА ТВ on May 12, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 12, 2021 20:22

Вакцинациската нееднаквост продолжува да биде секојдневна тема на дискусија на глобалната сцена. Питер Беумоунт пишува во The Guardian дека светот моментално практично се случуваат две пандемии: една пандемија која е скоро под контрола заради масовна вакцинација во богатите земји и друга пандемија во остатокот од светот каде што илјадници умираат и владите на не-западните држави се молат со богатите за вакцинациски донации.

Тедрос Аданом, генералниот директор на Светската Здравствена Организација (СЗО) исто така зборува за оваа нееднаквост и ги критикува богатите држави кои тој смета складираат дози на вакцини на штета на посиромашните земји.

„Шокантен е глобалниот диспаритет во пристапот до вакцините и останува еден од најголемите ризици за ставање крај на пандемијата,“ изјави Аданом. „Земјите со високи и повисоки примања претставуваат 53% од светската популација, но примиле 83% од светските вакцини. Наспроти тоа, земјите со ниски и пониски средни приходи сочинуваат 47% од светската популација, но примиле само 17% од светските вакцини.“

После Унгарија, Чешка има втор најголем број на жртви од Ковид-19 по глава на жител во светот. Исто така ситуациите се многу сериозни во други држави од таканаречениот „глобален југ“. Индија веќе неколку недели се бори со смртоносен втор бран на Ковид-19 и нова варијанта на вирусот. Вчера во Индија биле регистрирани 348 499 случаи на Ковид-19, но многумина сметаат дека овој број е всушност далеку повисок. Непал, помала држава која се граничи со Индија, исто така има акутни проблеми со Ковид-19 и исто како во Индија се соочува со недостиг на кислород.

Главната причина зошто се случуваат нови смртоносни бранови на Ковид-19 во глобалниот југ е што не се произведуваат доволно вакцини низ светот, иако многу држави во светот, како на пример Индија, имаат капацитет за да произведат огромен број дози на Ковид-19 вакцини, но го немаат рецептот за овие вакцини. Заради ова недоволно луѓе имаат можност да се вакцинираат и заради овој недостиг на имунизација продолжуваат да умираат илјадници луѓе низ светот секој ден.

СЗО го поддржува таканаречениот TRIPS waiver, односно СЗО поддржува олабавување на законите за интелектуална сопственост кои се регулираат преку Светската Трговска Организација (СТО) и ослободување на патентите за Ковид вакцините кои се заштитени преку СТО за да може да се зголеми продукцијата на вакцини низ светот.

По многу притисок од активисти, прогресивни политичари и граѓански организации пред една недела САД изрази поддршка за делумен TRIPS waiver кој би бил фокусиран само на патентите на вакцините. САД претходно ги блокираше преговорите на истата тема во СТО во октомври, 2020 кога овој предлог прв пат беше предложен од страна на Индија и Јужна Африка.

Скоро веднаш по оваа одлична вест за поддршката на САД за TRIPS waiver, овој пат Германија ги блокираше преговорите во СТО на оваа тема. Бидејќи СТО функционира на принципот на консензус, со нивното несогласување Германија успеа да ги блокира преговорите. За сега Германија сѐ уште ја нема променето нејзината позиција и смртоносните ефекти од истата се гледаат низ светот секој ден.

 

Елена Гаговска

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.