НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Руската Дума го поддржа законот за прекин на договорот „Отворено небо“

0
By НОВА ТВ on May 19, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Долниот дом на рускиот Парламент денеска донесе едногласна одлука за официјално повлекување на Москва од договорот за отворено небо, соопштија руските медиуми по гласањето одржано неколку часа пред првиот самит на шефовите на дипломатиите на двете земји.

„Отворено небо“ е меѓународен договор од 1992 година, што овозможува проверка на воените движења и мерките за ограничување на оружјето на земјите потписнички и дозволува невооружени летови за надзор над земјите членки.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп во ноември лани одлучи да ги повлече САД од овој договор, што беше еден од неговите последни потези како претседател.

Вашингтон ја обвини Русија дека го прекршува договорот, што Москва го негираше уште во јануари кога соопшти дека и таа ќе се повлече од договорот.

Излегувањето на САД од овој договор следеше откако земјата во 2018 година  се повлече од договорот за иранската нуклеарна програма, како и од договорот ИНФ за ракети со среден дострел, откажан во 2019 година.

Гласањето во Думата се одржа неколку часа пред првиот состанок на министрите за надворешни работи на двете земји, Сергеј Лавров и Антони Блинкен, на маргините на министерскиот состанок на Арктичкиот совет во Исланд, што треба да биде увертира на самитот на нивните претседатели Џо Бајден и Владимир Путин во јуни.

Француските медиуми пренесуваат дека пред денешното гласање рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков изјави дека Москва „јасно им посочува на Американците дека во случај на конструктивно решение (…) Москва може да размисли да остане во договорот“

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Хакери украле податоци од хотели на десет илјади туристи во Италија

August 13, 2025

Водата во Пехчево не е безбедна за пиење

August 13, 2025

Експлозија во фабрика за експлозиви во Бразил уби деветмина и повреди седум лица

August 13, 2025

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025

Мал авион на аеродромот во Монтана се урнал на пистата и удрил во повеќе паркирани авиони

August 12, 2025
ФОКУС

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

ВЕСТИ August 12, 2025

Преговорите меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп, и рускиот претседател, Владимир Путин, можат да бидат…

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Шефот на НАТО Марк Рутена: Преговорите за територијална отстапка меѓу Русија и Украина се неизбежни

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.