Македонската одбојкарска репрезентација ниту во петтиот обид не успеа до титулата во Европската сребрена лига. Златниот медал вечерва во Струмица го освои Данска чии одбојкари ги поразија „спартанците“ со 3:1 (по сетови: 23:25, 25:19, 27:25, 25:19).
Во меч за третото место, Унгарија ја совлада Хрватска со 3:2 (по сетови: 25:18, 18:25, 25:23, 19:25, 15:13.