Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мас: ЕУ мора да го исполни ветувањето за старт на преговори со Скопје и Тирана

0
By Sashko on June 8, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 8, 2021 15:27

Европската Унија (ЕУ) мора да го исполни даденото ветување за старт на пристапните преговори со Северна Македонија и со Албанија, порача денеска германскиот министер за надворешни Хајко Мас, нагласувајќи дека го разбира разочарувањето во регионот поради малиот напредок на процесот на проширување во текот на минатата година и се заложи за негово повторно придвижување.

– Иднината на сите шест држави од Западниот Балкан е во ЕУ. Германија е целосно посветена на оваа цел. Ако испорачате вие, ние исто така испорачуваме. Тоа мора и во иднина да биде нашиот пристап кон проширувањето на ЕУ, рече Мас на онлајн средба со неговите колеги од земјите од Западниот Балкан.

Мас притоа, како што јави Дојче Веле, побара од земјите во регионот да го зајакнат владеењето на правото, да ја засилат борбата против корупцијата и организираниот криминал, да ја заштитат слободата на медиумите и да создадат простор во кој ќе може да се развива демократијата, со што ќе се привлечат повеќе странски инвестиции, ќе создадат услови за перспектива за младите луѓе и ќе запре иселувањето на квалификувани кадри од регионот.

– Но, од друга страна, и ЕУ мора да си ги исполни ветувањата, рече Мас наведувајќи ги Северна Македонија и Албанија како примери за тие неисполнети ветувања.

Тој потенцира дека Северна Македонија и Албанија остварија постојан напредок во судските реформи и во борбата против организираниот криминал и корупција, а со Договорот од Преспа, Скопје и Атина „демонстрираа историско политичко лидерство“.

Шефот на германската дипломатија побара веднаш да започнат преговорите за членство со Северна Македонија и Албанија и притоа изрази благодарност до португалското претседателство со ЕУ, кое, како што нагласи, ја држи оваа тема високо на агендата на Унијата.

Мас порача и дека за билатералните спорови не треба да има место на агендата на ЕУ.

– Сите знаеме дека внатрешната политика може да го ограничи опсегот на надворешната политика. И разбираме дека прашањата од историјата и идентитетот се деликатни. Но, ваквите билатерални прашања не треба да го попречуваат целиот процес на пристапување, рече Мас.

На онлајн состанок со своите западнобалкански колеги, кој е дел од подготовките за Самитот ЕУ-Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес, Мас најави и дека по вакцините, Унијата на регионот ќе му достави и дополнителна медицинска и економска помош.

ЕУ Западен Балкан Македонија проширување Хајко Мас
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 9, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

ВЕСТИ May 9, 2026

Ден на Европа оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“.

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.