Со одбројување до почетокот на премиерниот натпревар од групата Ц во рамки на ЕП 2020 против Австрија (недела, 18 ч.), македонската фудбалска репрезентација ги привршува подготовките за својот дебитантски настап на континенталниот собир.
Македонската репрезентација, која од вчера е сместена во хотелот „Мериот Гранд‘“ во романската престолнина, попладнево во комплетен состав го одржа и вториот тренинг на Националната арена во Букурешт.
За дуелот со Австријците, во Букурешт веќе почнаа да пристигнуваат и првите македонски навивачи, чија бројка в недела се очекува биде околу 5 000, согласно протоколот на УЕФА за максимална исполнетост до 25 отсто на Националната арена со капацитет од 55.600 седишта.