НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шекеринска: Oваа Влада може да преживее само со успешна борба против корупција

0
By Ivana on June 15, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Американската извршна наредба воопшто не треба да ја третираме како западно балкански, дури да не зборувам за наш македонски рецепт. Јас на ниту една претходна средба не сум чула толку голем фокус од страна на првите луѓе на Америка на темите како што се владеење на право, слобода, демократија и борба против корупција.

Ова го нагласи  министерката за одбрана Радмила Шекеринска вечерва во 24 Анализа, во врска со извршната наредба на претседателот на САД Џо Бајден и повикот за ставање крај на корупцијата, како едно од неговите барања заради нестабилноста на регионот.

Во новата стратегија на проценка на ризиците на САД, истакна Шекеринска, национализмот и борбата против корупцијата тие ги сметаат за главна слабост која може да ја искористи секој надворешен непријател на Алијансата. Тие кога зборуваат, зборуваат за корупцијата во Македонија, ама и за национализмот низ Европа, во Бугарија. Ние, подвлече Шекеринска, треба да го направиме нашето и во поглед на решавање на проблемот со Бугарија. Нашата обврска, влог за борба против корупција прво доаѓа од нашите граѓани, дури потоа од САД и во таа смисла, истакна таа, ни помага оваа извршна наредба да ни каже на сите во државата, па и во регионот, дека не се шегуваат и се подготвени да преземат потези, што во принцип се непопуларни, никој не сака да користи санкции, но влогот е преголем.

– Во делот на пречките за почеток на преговори, јасно е оти сега главната работа ќе лежи во билатералните односи помеѓу нас и Бугарија. Што се однесува до домашните наши задачи, што ќе го дискутираат успехот и брзината на европскиот процес, таму е списокот долг, не е само корупција, рече министерката за одбрана, додавајќи оти треба да имате пофункционални институции, подобро носење одлуки, пожива економија, прилагодени политички партии…, рече меѓу другото Шекеринска.

На прашањето дали оваа Влада треба да почне да расчистува со корупцијата и во сопствениот двор, Шекеринска одговори дека тој тип на високата корупција е секогаш потешко да го довршиш и притисоците и врз судството, би рекла минатите врски кои не исчезнаа преку ноќ, а беа преголеми, ние од првиот момент знаевме како што ќе треба да испорачаме реформи тероетски, така ќе треба да испорачаме резултати и практично.

– Не значи дека борбата ззвршила во 2017 година и криминалот и корупцијата завршиле во 2017 година. Никој тоа разумен не би го тврдел, рече Шекеринска.

Во однос на извештајот од ГРЕКО за улогата на Љупчо Николовски, како вицепремиер за броба против корупција, Шекеринска рече дека тоа не го забележала, но лично во рамки на дискусиите за формирање Влада се залагала да има човек во Владата кој нема да има задача да ги истражува, нема да казнува и да дава пресуди, но ќе прави притисок врз институции да бидат поуспешни во спречувањето на корупцијата.

– Тој не е полицаец, не е обвинител, не е судија. Ако гледаме подолгорочно, оваа партија, овие луѓе, оваа Влада може да преживее само со успешна борба против корупција, истакна Шекеринска.

Додаде дека функцијата вицепремиер за борба против корупцијата обезбедува системот од внатре да ја прави корупцијата потешка, порискантна и повидлива. Според неа, целта на борбата против корупцијата е целиот систем да ја направи корупцијата многу потешка односно целта на висок функционер во Владата е токму тоа.

Прашана за тоа откако ја врати партиската функција, колку СДСМ ги цени кадрите како неа, искусни и образовани, Шекеринска беше децидна СДСМ ги цени таквите кадри.

Од многу членови во партијата, подвлече, одредена група многу лојални, многу чесни и мобилизирани членови, најголемиот дел ништо не барале за возврат.

–  Една привилегија од оваа тешка професија е што во овие сите години запознав многу такви луѓе. Мислам дека честопати тие се во сенка, еден дел од овие мравките кои најмногу работат, се трудат и се лојални на идејата, тие се во сенка. Имав прилика и чест многу од нив да ги запознаам. Она што ми е  многу драго по заминвуањето од таа функција, колку голем број на такви луѓе разговараа со мене и сакаа да изразат поддршка, изјави Шекеринска.

Таа истакна дека кога е внатре во партиското семејство зборува многу отворено, но кога ќе излезе во јавност ќе го брани заедничкиот став, бидејќи ако верувате во некоја идеја, потенцира, ја браните и дома, а не само кога ќе излезете на телевизија.

Влада ЕУ Корупција НАТО Шекеринска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.