Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Измени на Изборниот законик: Партиите блиску до договор по препораките на ОБСЕ/ОДИХР

0
By Sashko on June 23, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 23, 2021 09:27

Работната група за подготовка на измените на Изборниот законик формирана од Министерството за правда е блиску до договор во однос на препораките на ОБСЕ/ОДИХР, информираат од Министерството за правда, посочувајќи дека преостанува уште малку време за усогласување на ставовите бидејќи предлогот треба да биде доставен до Собранието. Во однос на изборниот модел, главниот предизвик, како што посочуваат, е утврдување на начинот на избор на градоначалници, односно дали тие ќе се избираат во прв или во втор круг. Сепак, според информации од политичките партии, за негово менување веројатно ќе се разговара во иднина.

– Пред повеќе месеци, Министерството за правда формира работна група за подготовка на измените на Изборниот закон, со цел исполнување на препораките на ОБСЕ/ОДИХР, но и за да се отвори дискусија околу политички прашања и промената на изборниот модел. Во однос на првата цел, исполнување на препораките на ОБСЕ/ОДИХР, работната група е блиску до договор. Станува збор за исполнување на голем дел од препораките содржани во Конечниот извештај на ОДИХР за предвремените парламентарни избори во 2020 година, но истите се уште во работна верзија и ќе бидат објавени по нивното усогласување, наведуваат од Министерството.

Во однос на постигнувањето на консензус околу политичките прашања и промената на изборниот модел, како што посочуваат, најголемиот дел од учесниците во работната група го поддржуваат ставот дека членовите на општинските совети треба да се избираат на отворени листи.

– Сепак, главниот предизвик е утврдување на начинот на изборот на градоначалници, односно дали истите ќе се избираат во прв или втор круг, наведуваат оттаму.

Поголем дел од последните измени на Изборниот законик, беа усогласување со препораките на ОБСЕ/ОДИХР во делот на водење на Избирачкиот список, кандидирање, изборна кампања, финансирање на изборна кампања, заштита на избирачко право.

Од Министерството за правда посочуваат дека имајќи ги предвид препораките на меѓународните тела за промената на изборните правила, кои мора да бидат донесени со консензус, Министерството за правда е на став дека преостанува уште многу малку време за усогласување на ставовите, а дека измените на Изборниот законик треба да бидат испратени што е можно поскоро во Собранието, имајќи ја предвид и тамошната агенда и обем на работа.

Во Собранието на Република Северна Македонија во изминатите месеци пратеници од помалите партии поддржани од СДСМ, доставија два предлози за измени на Изборниот законик, првиот за земјата да биде една изборна единица, а вториот за отворени листи и застапеноста на мажите и жените на листите да биде рамноправна односно 50:50. И двата се ставени во собраниска процедура, но за нив не е отворена дебата во собраниските комисии, ниту пак на пленарна седница.

Локалните избори во Северна Македонија се најавени за втората половина на октомври. Партиите веќе започнаа со неформални кампањи по олабавување на мерките за превенција од ширење на Ковид-19.

Договор Изборен законик Македонија ОБСЕ/ОДИХР препораки
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.