НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев од Скопскиот економски форум: Сакаме Балкан што живее во сегашноста и гради иднина

0
By Sashko on June 23, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Северна Македонија ги негува европските вредности, демонстрира европски манири, политичка волја и гради добрососедски односи што се неопходни за економски просперитет и подобар стандард за граѓаните. Пораката од Делфи самитот во Атина, ја упатувам и од тука во Скопје – потребен ни е економски просперитетен Балкан на 21 век, интегриран во ЕУ. Денес, ќе додам и Балкан кој живее во сегашноста и гради просперитетна иднина, а минатото е поука дека поделби и раздори не водат никаде, порача премиерот Зоран Заев на отворањето на првиот Скопски економски форум.

Поддршката од Грција, посочи Заев, ја имаме и на нашиот европски пат, а НАТО членство значи сигурност, безбедност и одлична можност за економски развој.

– Нашата земја ги исполни сите услови за почеток на преговорите по поглавјата за членство во ЕУ, што е безусловно потврдено од Европската комисија, како и од огромно мнозинство на 26 од вкупно 27 земји членки. Сакам да се заблагодарам на сите земји членки од ЕУ кои ни ја даваат безрезервната поддршка овој процес да започне уште во текот на актуелното претседателство, со Португалија или претседателството што следува со Словенија, истакна Заев, изразувајќи посебна благодарност и за континуираната поддршка од САД.

На првиот економски форум во Скопје, нагласи Заев, сакам да упатам порака до инвесторите да ги искористат можностите и да вложат свој капитал во Северна Македонија.

– Владата креира поволен деловен амбиент и еднаквки услови, како за домашните, така и за странските инвеститори. Националната економија е стабилна и расте. Постигнавме висок раст за сите инвеститори со вкупно производство од слободните зони што достигна 3,4 милијарди евра во 2020 година. Инвестициите учествуваат со 46 проценти во вкупниот извоз на национално ниво и со близу осум проценти во националното БДП, истакна Заев.

Поволностите за инвестирање во индустриските развојни зони, посочи Заев, се препознати од сите инвеститори, дополнително на ниските даноци од 10 проценти, како и некои ослободувања од данок на добивка и до десет години.

Основачот и претседател на Делфи економскиот форум, Симеон Г. Тсомокос, на отворањето порача дека основна цел е да ги спои политичките и бизнис лидерите од регионот на едно место, каде ќе дискутираат за конструктивен и поплоден начин за политичко унапредување на Југоисточна Европа.

Претседателот на грчката бизнис асоцијација во Северна Македонија Арис Влакос, порача дека грчките бизниси во изминатите неколку години придонесуваат во економскиот раст на земјата, инвестирајќи во клучни индустрии, како енергетскиот и банкарскиот сектор, индустријата и трговијата.

–  Грчките инвеститори моментално имаат заеднички инвестиран капитал од пет илјади милиони евра и генерираат околу 25 илјади нови работни места. Би сакале да видиме како овој тренд се зголемува, како и повеќе регионални иницијативи за соработка и инвестиции, што ќе го поттикнат растот на земјата, изјави Влакос.

Скопскиот економски форум насловен „Нова зора: Поставување темели на стабилност и просперитет“, е иницијатива на Економскиот форум Делфи во соработка со грчката бизнис асоцијација во Северна Македонија.

балкан ЕУ Зоран Заев Македонија Скопски економски форум
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.