Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Гир: Сите сакаме отворање на преговорите, но мора да останеме со „ладни“ глави

0
By Sashko on June 23, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 23, 2021 12:41

Сите сакаме што поскоро отворање на преговорите меѓу С. Македонија и Европската Унија (ЕУ), но мора да останеме со „ладни“ глави. Основите не се променети, заложбите од Солун се живи и јасни. Регионот на Западен Балкан е дел од Европа, неговото минато, сегашност и иднина се поврзани со ЕУ и логично е дека неговата иднина е во ЕУ. Да не забораваме, тоа е стратешка цел и на ЕУ, порача денеска евроамбасадорот Дејвид Гир, на првиот Скопски економски форум.

Напорите на претседателството на ЕУ за надминување на моментната ситуација, посочи Гир, направија значителна работа и сега, нагласи тој, треба сите да останеме ангажирани.

– Бидејќи секогаш ги повикуваме владите за билатерално решавање на проблемите, треба да ги признаеме и искрените напори што беа напревни во изминатиот период. Напредок е направен, но работата мора да продолжи, што е можно побрзо и задачата сега ќе мине на словенечкото претседателство за придвижување и решавање на ова прашање, изјави Гир.

Ова, нагласи Гир, не треба да влијае на реформите, бидејќи патот кон ЕУ е пат на реформи и со нивното спроведување прво – Северна Македонија дополнително се приближиува до ЕУ и второ – со самото отворање на преговорите секоја преземена реформа го прави патот кон целосно членство пократок.

– Реформите не се само во интерес на ЕУ, туку во интерес на граѓаните, за посигурна, просперитетна и демократска земја, како и за спречување на одливот на млади мозоци. Ниту една земја не може да си дозволи да не продолжи со реформите во овој свет, каде имаме зелена револуција и работните места треба да бидат прилагодени на моменталните потреби, каде треба да искористиме повеќе од дигиталните можности и да ги интегрираме економиите во економијата на ЕУ, посочи Гир.

Северна Македонија, продолжи евроамбасадорот, направи значителен напредок во реформите како владеење на правото, борбата против корупцијата, демократијата и добрите меѓусоседски односи.

– Европската унија е тука и Ве поканувам да посетите било кој град или село во земјата и ќе ја видите поддршката за ЕУ, речиси во секој сектор. Ние сме тука и ќе продолжиме да даваме поддршка. Повеќе од 100 милиони евра помош се трошат годишно за поддршка на реформските процеси во Северна Македонија. Кога ЕУ правеше план за заздравување од пандемијата, го вклучи и Западниот Балкан, ставајќи на маса економски и инвестициски план за заздравување на регионот, изјави Гир.

Економските бројки, нагласи тој, покажуваат колку е голема меѓусебната поврзаност.

– Околу 68 проценти од размената на регионот е со ЕУ, како и 60 проценти од странските директни инвестиции, посочи Гир.

амбасадор Дејвид Гир ЕУ Македонија преговори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.