НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димитров: Три години со разочарувања на секои шест месеци, тоа не е здраво за нацијата

0
By Sashko on June 23, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Навистина е важно да видиме остварување на ветувањето за европерспективите на регионот што беше дадено во Солун. Ова е проблем на Европската Унија (ЕУ) и оваа блокада не се однесува само за иднината на Северна Македонија, туку и на иднината на ЕУ во Западен Балкан, истакна вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров на панел дискусијата на Првиот економски форум Скопје.

– Ветувањето што Европа го даде на Балканот се случи во Солун во 2003 година, беше потврдено во Софија на Самитот на ЕУ за Западен Балкан и годинава во Љубљана. Како вицепремиер, станува се потешко да им зборувам на луѓето, на граѓаните дека ова е можно. Овој регион е опкружен со земји кои економски, политички, историски и кулурно припаѓаат на Европа и навистина е важно да видиме конкретни одлуки и движења во поддршка на остварување на ветувањето дадено во Солун. Немаме алтернативно решение освен да станеме функционална европска демократија која што е проследена со економски просперитет. Ќе продолжиме со реформите, бидејќи ги правиме за нас, но процесот на пристапување ќе ни помогне да го направиме тоа подобро. Без разлика дали ќе почнеме со пристапните преговори нашиот пат е јасен – ќе работиме на градење на европска демократија, рече Димитров коментирајќи го неуспехот на ЕУ вчера повторно да испорача почеток на преговори за С. Македонија и Албанија и колку е можно годинава земјата да почне преговори.

Тој посочи дека оваа блокада на евроинетргцијата на земјата е проблем и за самата ЕУ.

– Но, исто така е важно и сфаќам дека толку многу министри сега јавно кажуваат дека ова е проблем за самата ЕУ. На некој начин оваа блокада не се однесува само на иднината на Северна Македонија во ЕУ, туку и иднината на ЕУ во Западен Балкан, заедно сме тука. Или нема да успееме секаде вклучително и со соседите во Бугарија или ќе победиме сите. Сторивме се што можевме. Ние сме отворени, ние сме искрени и веруваме дека европското решение заедно со европските вредности е можно. Кога ова се случува треба да бидеме позитивно изненадени. Ние имаме одговорност кон нашиот народ, кон нашите народи да го заштитиме бидејќи кога луѓето поминуваат низ момент на надеж, а потоа се разочаруваат и тоа се повторува од 18 јуни 2018 година на секои шест месеци тоа не е здраво за нацијата, порача Димитров.

Гашпер Довжан, државен секретар во МНР на Словенија, во онлајн обраќањето најави дека претстојното словенечко претседателство со ЕУ во втората половина на годинава ќе биде фокусирано на регионот и ќе се базира на три столба.

Првиот столб е продолжување на процесот на проширување на ЕУ, старт на преговорите со Северна Македонија и со Албанија и отворање нови поглавја со Србија и со Црна Гора. Довжан истакна дека португалското претседателство направило многу и оти е убеден оти Слоенија ќе успее да придонесе за исполнување на целите, особено за отворање на преговорите со С. Македонија и Албанија.

Вториот столб на словенечкото претседателство со ЕУ ќе биде спроведување на економскиот инвестициски план и отворање преспективи за младите, економска сработка во регионот и заеднички регионален пазар.

Третиот столб ќе биде создавање платформа за изнаоѓање решенија за отворените прашања во регионот, бидејќи, посочи Довжан, поголемата соработка ќе значи и поголема стабилност на регионот.

ЕУ Македонија Надежи Никола Димитров преговори Разочарувања членство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.