НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Масовна вакцинација од понеделник, сите пријавени ќе добијат термин до 15 јули

0
By Sashko on June 25, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од понеделник, па во наредните две недели, ќе бидат вакцинирани сите граѓани кои се пријавени за имунизација. Списокот е ревидиран и тие ќе добијат термини до 15 јули. Пристигнуваат дози на вакцини за 300.000 граѓани и ќе имаме во сосема доволен број. Ќе се вакцинираат и наставниците и вработените во образовните институции. Откако ќе се вакцинираат оние што се пријавени, пунктовите ќе останат отворени за вакцинација на граѓаните, истакна министерот за здравство Венко Филипче денеска одговорајќи на новинарско прашање, потврдувајќи дека попладне стигнуваат вакцините од „Фајзер“.

– Списокот е ревидиран, што значи без разлика кога се пријавиле граѓаните, почнувајќи од понеделник сите ќе добијат термин во период од две недели. Од понеделник во следните две недели ќе бидат вакцинирани и најмладите пријавени, но предност ќе имаат постарите, истакна министерот.

Тој додаде дека сите вакцини ќе бидат дистрибуирани. Вакцините на „Фајзер“ ќе бидат дистрибуирани до осумте големи центри за имунизација поради можноста за чување во фрижидерите, а вакцините на „Синовак“ и во големите и во помалите центри.

– Сега стигнуваат вакцини за 300.000 граѓани, а ќе се интензивира и кампањата. Го подготвуваме и системот за теренска вакцинација кој ќе почне на 15 јули, вели министерот кој очекува дека ќе се зголемува свеста за имунизација и дека поголем број од граѓаните ќе се вакцинираат.

Наведе дека засега нема да биде задолжително вакцинирањето, оти таква идеја нема во Комисијата за заразни болести и дека таков пример нема во светот, но оти треба се поголем број граѓани да се вакцинираат.

– Вакцини има сосема доволно, од наредните недели ќе стигнуваат неделно по 70 до 100 илјади и тоа се предвидените количини потебни од јули до почеток на октомври, рече министерот.

Повтори дека се останува на ставот „АстраЗенека“ да се дава само на лица над 60 години и дека сите оние кои добиле „АстраЗенека“ во нашата земја имаат закажан термин за ревакцинација и има обезбедено количина.

– Нема група на граѓани за коишто не е обезбедена ревакцината и во моментот кога вакцината ја примиле. Меѓутоа, засега нема промена во стручниот став. Сепак, Комисијата останува на таа одлука да ја примаат само постарите граѓани, појасни Филипче.

Министерот укажа на тоа дека според последната комуникација летово се останува на ставот во затворени простории да не се одржуваат масовни собири, и дека седница Комисијата ќе има во понеделник.

Директорот на Институтот за јавно здравје, Шабан Мемети оцени дека бројот на заболени се намалува што оди во прилог на почитување на мерките на граѓаните. Забележано е и намалување на бројот на починати.

вакцини Венко Филипче имунизација Ковид-19 Македонија Термини
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.