Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пендаровски: Писмото од бугарското МНР беше маркетиншки трик

0
By НОВА ТВ Balaban on June 26, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, June 26, 2021 21:10

Сè додека Бугарија не направи политичка Влада и не конституира Парламент кој ќе има мандат од четири години, ние нема што да бараме од Софија, изјави попладнево претседателот Стево Пендаровски на гостувањето во централниот дневник на телевизија „Сител”. Негова препорака е во овој период Владата да се задржи на акциските соработки со Бугарија со кои ќе се гради довербата, но не и да се разговара за главните точки на разединување.

– Моја препорака до Владата е да се задржи до секторските, акциските соработки и воопшто да не се обидува сега, во овој период, или во наредниот, ако немаат шанса да направат Влада, да направи пробив по тие прашања, рече Пендаровски.

Во однос на обвинувањата од опозицијата дека Владата го распродава државниот идентитет, Пендаровски, повикувајќи се на она што му го кажал премиерот, рече дека „такво нешто, нема“.

– Не можам да шпекулирам дали тоа се случувало. Можам да ви кажам само што премиерот ми кажа дека е разговарано. Од сè што мене премиерот ми го кажа, нема такво нешто, ниту пишано, ниту вербално. Тоа е она што го знам, рече Пендаровски.

Писмото од бугарското МНР кое беше испратено по состанокот на европскиот Совет, Пендаровски го оцени како маркетиншки трик.

– Станува збор за макретиншки трик затоа што тоа е одговор на нашиот предлог за акциски планови и секторска соработка. Тоа стига во Скопје два дена после Европскиот совет. Тие пет точки, кога биле само тие, вие ќе почнеме преговори уште лани. Се работи за обид да се претстави реалната ситуација малку поинаку, истакна Пендаровски.

Доколку Бугарија продолжи да ја блокира земјава на патот кон ЕУ, Пендаровски смета дека во тој случај не е лошо соработката со САД да се издигне на повисоко ниво од потпишаната Декларација со САД од 2008 година. Притоа, појасни дека не се работи за алтернатива на нашата стратешка цел – членството во ЕУ, туку да се добие поддршка од држава која има што да понуди во однос на владеењето на правото и безбедносните закани.

– Тоа е само идеја и засега немаме намера формално да одиме до тој предлог, нагласи Пендаровски.

Бугарија бугарско МНР писмо Софија Стево Пендаровски трик
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.