Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се разгледува можноста за европско знаменце за предлогот за еколошка такса за горивата

0
By Ivana on June 29, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 29, 2021 16:06

Правните служби на Владата ја разгледуваат можноста да се стави европско знаменце на Предлог-законот за воведување зелена еколошка такса за горивата кој е во собраниска процедура. Јас лично сметам дека треба да има затоа што е дел од Зелената агенда која е главна  преокупација на Европската Унија, а согласно климатските промени и Парискиот договор очигледно е и на светот, но тоа треба да го кажат службите, порача денеска премиерот Зоран Заев.

Во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата, тој нагласи дека европско знаме на законските предлози се става по два основа од кој првиот е со коресподентни табели, кои значат целосно спроведување на одредени регулативи и директиви, а вториот согласно европската агенда, односно европските преокупации.

– Тоа треба да го проверат правните служби и да се утврди дали се става европско знаме или не. Во наредните денови ќе се разгледаат сите можни опции заради тоа што е поврзано со Зелената агенда која дефинитивно е преокупација на Европската Унија. Не постојат основи за коресподентни табели и нема директива и регулатива, но е поврзано со европската агенда и правните служби ја разгледуваат оваа опција како можност. Сепак, веруваме дека Парламентот ќе изнајде начин да се донесе законот заради тоа што со еколошката такса која е нова давачка дефинитивно нафтата кај нас останува најевтина во споредба со било која земја во соседството и од земјите-членки на ЕУ, рече Заев.

Воведувањето на таксата, како што кажа, доаѓа во момент кога се намалува и претходно зголемената акциза затоа што во моментов цената на нафтата е 597 долари по барел, а штом стигне до 600 веднаш се укинува дополнителната акциза од два денара.

– На тој начин се случува една своевидна компензација. Придобивките од воведувањето на еколошката такса се огромни, со нив фаќаме чекор со сите модерни и демократски земји кои водат грижа за здравјето на својот народ и создаваат еколошки фондови кои ќе бидат неопходни заради заштита на здравјето, воздухот и сите други еколошки аспекти на живеачката, потенцира Заев.

Горива европско знаменце Зоран Заев Собрание ТАКСА
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.