Она што Бугарија не можела да го оствари со оружје во Втората светска војна, сега се обидува да го направи со вето во Европската Унија (ЕУ), порача поранешниот македонски претседател Бранко Црвенковски од Форумот на Западен Балкан во Сараево.
Според него, барањата што ги испорачаа Бугарија, Грција и Франција немаат врска со пропишаните критериуми на ЕУ.