Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По оставката во ДОМ на Богдановски, СДСМ ќе добие плус пратеник во Собранието

0
By НОВА ТВ Balaban on June 30, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 30, 2021 13:55

Откако пратеникот на ДОМ, Мирослав Богдановски, поднесе оставка, којашто е констатирана и потврдена од страна на ДИК, партијата СДСМ од денеска се очекува да има пратеник плус во Собранието, односно во пратеничката група.

Станува збор за пратеничката Даниела Николова, која е на 13 место на листата на СДСМ во првата изборна единица.

На денешната собраниска седница на дневен ред е и констатација на оставката на пратеникот Мирослав Богдановски од ДОМ, а се очекува ДИК да го предложи следниот пратеник.

Пратеничката и претседателка на ДОМ, Маја Морачанин во денешното гостување на Утрински брифинг изјави дека во ДОМ се уште има внатрепартиски разлики, и тоа не е ништо ништо страшно ако постојат различни мислења, одговарајќи за актуелните внатрепартиски превирања.

-Денеска од собраниските служби сум известена дека пратеникот Мирослав Богдановски си поднел оставка од Парламентот. Јас не сум ја видела, но имаме седница на Парламентот и веројатно ќе биде ставена да се констатира на пленарна собраниска седница, тоа е процедурата, рече Морачанин.

Таа додаде дека „веројатно Богдановски ќе си ги образложи причините за оставката“.

Богдановски претходно со раководството на ДОМ имаше несогласувања и најави дека ќе дејствува независно во Собранието.

Tој, во изјава за „Фокус“, денеска најави дека се враќа на старото работно место- главен инспектор во Град Скопје.

– Се враќам на старото работно место, се враќам на терен, за да ја споведеме зелената политика и да ја продолжиме борбата против загадувачите. Тоа е единствената причина за мојата оставка од пратеничката позиција – изјавил  Богдановски.

ДОМ Маја Морачанин Мирослав Богдановски оставка СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.