Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Климите најмногу нè разладувале завчера, на 29 јуни, со рекордна потрошувачка на струја

0
By НОВА ТВ Balaban on July 1, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 1, 2021 16:22

Клима-уредите, коишто на овие горештини во многу домови се вклучени и дење и ноќе, придонесуваат секако за зголемената потрошувачка на електрична енергија деновиве во целата земја. Од ЕВН Македонија потврдуваат дека завчера сме потрошиле најмногу електрична енергија.

– Најголема потрошувачка на електрична енергија е регистрирана на 29. јуни 2021 година (ден вторник) и изнесува 15.956 MWh, кој е и еден од најтоплите денови овој период, со минимални 20°С и максимални 40°С степени, а се измерени на скопски Аеродром.  Потрошувачката во вториот дел од месецот речиси постојано е над 14.000 MWh во работните денови., информираат за НоваТВ од компанијата ЕВН Македонија.

Како најголемо конзумно подрачје, овој тренд го следи и скопскиот регион, кој за овој период има вкупна потрошувачка од 152.281 MWh или во просек 5.251 MWh. Најголемата потрошувачка на струја е во вторник (на 29.06.2021) и изнесувала 6.381 MWh.

Инаку, во месец јуни (од 1 јуни до 29 јуни 2021 година ) потрошени се 397.889 MWh, а што е поради високите температури во втората половина на месецот, појаснуваат од ЕВН.

Тоа значи дека во јуни годинава сме потрошиле повеќе струја отколку во истиот месец лани.

– Минатата година вкупната потрошувачка на електрична енергија, за периодот 01.06.2020 до 29.06.2020 изнесувала 371.208 MWh. Просечната дневна потрошувачка за тој период е 12.800 MWh. Разликата се јавува поради разликата на температурите, а оваа година во втората половина на месецот имаме значително повисоки температури отколку во минатата година – додаваат од ЕВН Македонија. 

За споредба со зимските месеци, во јануари 2021 година биле потрошени  709.493 MWh. Тогаш најголема потрошувачка е регистрирана на 17.01.2021 (недела) и изнесува 26.011 MWh, ден во кој се измерени минимални минус 5°С и максимални 1°С степени, а се измерени на скопскиот Аеродром.

Зголемената потрошувачка во овој ден, се должи на тоа што во зима потрошувачката е, главно, најголема во недела, кога има ефтина тарифа во текот на целиот ден. Воедно, ова е еден од постудените денови во јануари годинава.

А минатата година, вкупната потрошувачка на електрична енергија, за периодот 01.01.2020 до 31.01.2020 изнесувала 726.376 MWh. Просечната дневна потрошувачка за тој период е 23.431 MWh.

Како најголемо конзумно подрачје, овој тренд го следи и скопскиот регион, кој за овој период има вкупна потрошувачка од 293.350 MWh или во просек 9.462 MWh. Најголемата потрошувачка е на 20.01.2021 (ден среда) и изнесувала 10.961 MWh.

Од ЕВН Македонија го нагласуваат доброто планирање на потрошувачката на електрична енергија:

– Секогаш однапред ги планираме капацитетите на потрошувачка за секој корисник поединечно, со дополнително усогласување со планот за сезонската потрошувачка. За таа цел и се набавуваат и обезбедуваат потребните капацитети на електрична енергија и како резултат на тоа оваа компанија никогаш не се соочува со недостиг од електрична енергија. 

(Љ.Б.)

ЕВН Македонија клима уред Потрошувачка рекордни струја
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.