НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи за Резолуцијата: Проблемот е во формата за усвојување, а не во содржината

0
By НОВА ТВ on July 8, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за надворешни работи Бујар Османи за предложената Резолуција на опозоциската партија ВМРО-ДПМНЕ вели дека проблемот не го гледа во содржината, туку во формата за усвојување на Резолуцијата без консензус на политички партии. Во случај да се постигне согласност, ДУИ ќе ја поддржи резолуцијата, вели Османи, но покредибилна ќе биде позицијата на сите чинители ако се задржи консензус по однос на овие прашања.

-Важно беше иницијативата во Собранието да биде донесена со консензус, затоа што макотрпно работевме во овој период да изградиме државна позиција по однос на овие сензитивни прашања коишто имаат елементи на етнички позиции… За нас како дипломатија беше многу лесно кога зборувавме во име на сите граѓани, без ниедна дисонантност. И јас од тука се плашев дека кое било дерогирање на државната позиција во етничка позиција може да ни ги ослаби позициите, рече министерот Бујар Османи во гостување на Сител телевизија.

На прашањето зошто гледа етничка позиција, тој одговори дека неговата реакција била со цел да му укаже на Собранието дека не смее во законодавниот дом да се усвои Резолуција ако нема претходно усогласен консензус меѓу политичките партии од сите етнички заедници.

–Тој мој апел се разбра и од предлагачите, меѓутоа и од другите политички партии коишто почнаа еден поактивен ангажман за да се постигне тој консензус по однос на текстот и мене ми е драго што еве, политичките партии, вклучувајќи ја и мојата партија се веќе во комуникација да го усогласат текстот и да излезат со целосна поддршка. Мислам дека доколку имаше само етничка позиција, бидејќи тоа се обидовме да го премостиме, односно да го доизградиме како државна позиција и успеавме, вели Османи.

Додаде дека независно од содржината, формата е многу важна бидејќи испраќа порака.

-Замислете оваа резолуција да помине во Собранието без гласовите на пратениците од другите етнички заедници. Каква порака даваме пред Бугарија, каква порака даваме пред светот – дека имаме етнички позиции. За мене беше клучно дека не смее да се донесе Резолуција ако нема поддршка од сите политички партии затоа што тука почнува проблемот, вели министерот Османи.

Со новото уставно име предлог-резолуцијата за црвените линии на ВМРО-ДПМНЕ стигна до собраниските служби

Бујар Османи ЕУ резолуција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.