НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Делта сој на ковид-19: Засега без најави за евентуални рестрикции на границите

0
By Sashko on July 9, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На состанокот на Комисијата за заразни болести што треба да се одржи оваа недела ќе се разговара за евентуални препораки во однос на критериумите за влез во Македонија, но засега нема најава за рестриктивни мерки на границите.

Здравствените експерти во моментот чекаат да излезат публикации со информациите кои им требаат во врска со тежината на клиничката слика, односно да се види односот на делта сојот кај луѓе кои се или не се вакцинирани.

Министерот за здравство Филипче смета дека треба да се препорачаат мерки кои ќе бидат ефикасни, но во моментот оцени дека ситуацијата е мирна и нема голем број на прегледи по болниците за суспектни пациенти на ковид-19.

Согласно вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје, од направени 2.518 тестирања беа регистрирани 19 нови случаи на ковид-19, а со тоа бројот на активни случаи засега е 156. Најголемиот број од новите случаи се регистрирани во Тетово – 11 и во Скопје – осум. Во претходното деноноќие не беа регистрирани смртни случаи.

Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 155.760, бројот на оздравени пациенти е 150.118, на починати е 5.486.

Во однос на вакцинацијата на децата против ковид-19, Филипче вчера истакна дека нема да биде задолжителна. Завчера тој изјави дека ќе се дозволи вакцинирање на деца од 12 до 16 години со вакцината на „Фајзер“, што во овој момент е единствена вакцина која е дозволена да се користи согласно препораките во внатрешното упатство за оваа категорија на деца на оваа возраст и додаде дека досега нема нус појави кај вакцинирани деца.

Бројот на вакцинирани во земјава надмина 400.000. На вакциналните пунктови во државата заклучно со завчера се вакцинирани 400.235 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 640.886 дози вакцини, а ревакцинирани се 240.651 граѓани. Бројот на лица кои досега изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 494.389 граѓани.

Тим од здравствени работници вчера во штипскиот Затвор имунизираа 85 осуденици, кои пројавиле интерес да се вакцинираат против ковид-19.

Граници Деклта сој Ковид-19 Комисија за заразни болести Македонија рестрикции
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Денови на европско наследство 2025 посветени на архитектурата

September 2, 2025

Над 12 отсто од жителите на ЕУ пријавиле загадување во нивната околина

September 1, 2025

Автопревозници во БиХ ги блокираа патиштата, царинските терминали и граничните премини

September 1, 2025

Во Србија се одбележуваат 10 месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во која загинаа 16 луѓе

September 1, 2025

Продолжува уривањето на дивоградбите и на албанското крајбрежје – Рама најавува и нови мерки

August 31, 2025
ФОКУС

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

ВЕСТИ September 1, 2025

Нема краток пат до евроинтеграцијата – потребни се лидери за кои реформите се над секојдневните…

Белград: Студентите во блокада го објавија планот за протестот закажан за утре на 1-ви септември

August 31, 2025

Кочани: 20-ти Марш на ангелите: Нашите деца загинаа затоа што системот потфрли

August 31, 2025

Украинската војска погоди две рафинерии за нафта во Русија – детонации, пожар и штета на објектите

August 30, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.