Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ангеловска-Бежоска: Повеќе жени во сите општествени сфери зa бројни економски придобивки

0
By Sashko on July 13, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 13, 2021 10:13

Поголемата вклученост на жените во банкарскиот сектор и воопшто во сите општествени сегменти, носи бројни економски придобивки за целото општество. Истражувањата за централнобанкарската заедница упатуваат дека поголемото учество на жените во телата за одлучување за монетарната политика значи и поголемо ниво на ценовна стабилност.

Ова го посочи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во интервју за документарниот магазин „Приказна“, посветено на вклученоста на жените во банкарскиот сектор. Во документарниот магазин беше истакнато дека Народната банка е позитивен пример за инклузијата на жените, како од аспект на нивната застапеност во вкупната и управувачката структура, така и од аспект на валоризацијата на нивниот труд.

– Централната банка е добар пример за родовата застапеност. Учеството на жените во вкупниот број вработени е околу 60 отсто, а во раководните структури е близу до 70 отсто. Оваа констатација е релевантна за сите нивоа на раководството – оперативно, тактичко и стратегиско. Во рамките на стратегиското раководство, од тројца вицегувернери, две се жени. Би потенцирала дека предлогот до Собранието за нивен избор, доставен од моја страна, не беше затоа што тие се жени, туку затоа што ги имаат потребните, соодветни квалификации за да можат да им одговорат на таквите исклучително одговорни позиции, напомена Ангеловска-Бежоска.

Сепак, додаде, ситуацијата со застапеноста на жените во управувачките структури во банкарскиот сектор кај нас е поразлична.

– Учеството на жените во управните и надзорните одбори во банките во нашата земја е околу 30 отсто, а има и неколку банки каде што жените воопшто не се застапени во управните, односно надзорните одбори, рече Ангеловска-Бежоска.

Ситуацијата во меѓународни рамки, истакна, не е многу поразлична, односно согласно со индексот за родова еднаквост на ОМФИФ, жените учествуваат со 23 отст5о во управните и со 30 отсто во надзорните одбори во банкарскиот сектор, во просек.

– Ставањето на женскиот потенцијал во функција, не е само од аспект на квантитетот, односно затоа што е потребна повеќе работна сила, туку и затоа што се смета дека жените се одликуваат со посебни карактерни особини, како што се прагматичноста, одбивноста кон ризик, поголемата темелност и сето тоа придонесува за една поконзистентна средина, дава поинакви перспективи во процесот на одлучување. На крајот се оценува дека сето тоа води кон пооптимални одлуки во процесот на стратегиското одлучување на институцијата. Оттаму, јасно е дека поголемото учество на жените носи придобивки за сите, истакна Ангеловска-Бежоска.

Гувернерката нагласи дека од особено значење е и пристапот на жените до финансиите. Податоците, како што рече, покажуваат дека 80 отсто од мажите кај нас имаат банкарски сметки, додека кај жените процентот е помал – околу 70 отсто. Во однос на пристапот до кредити, 45 отсто од вкупните кредитокорисници се жени, а 55 отсто се мажи, додека ако се гледа според износот на кредитите, само 38 од од кредитите на населението ги користат жените.

-Овие бројки укажуваат на потребата од преземање натамошни мерки, а една од позначајните активности за поттикнување на пристапот до финансии е финансиската едукација. Затоа, и во првата национална Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија се дава простор за поголема инклузија на жените во финансиите, посочи Ангеловска-Бежоска.

Анита Ангеловска-Бежоска гувернерка Македонија НБРМ став
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 8, 2026

Мај поскап за уште 4,8 отсто

ВЕСТИ June 8, 2026

Трошоците на животот во мај годинава, во однос на мај лани, бележат зголемување од 4.8…

32 Конгрес: Сестринските партии од регионот и Европа со силна поддршка за СДСМ и Филипче

June 7, 2026

Кочани: 45-ти Марш за Ангелите: „За вистината да не остане без глас и правдата да не остане без крај“

June 6, 2026

Прилеп: Отворено 60-тото издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

June 6, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.