Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пливачката Миа Блажевска заминува на ЛОИ во Токио

0
By Biljana on July 13, 2021 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 13, 2021 14:56

15 – годишната пливачка Миа Блажевска Еминова од Карпош ќе замине на Летните олимписки игри во Токио.

Пред заминувањето во Токио, таа заедно со својот личен тренер Илија Стојановски и својот татко, Мирсад Еминов, беа на прием кај градоначалникот на општина Карпош Стефан Богоев.

Миа Блажевска – Еминова има 15 години и е жителка на Карпош, која врз основа на своите резултати стекна право да ја претставува државата на ЛОИ во Токио.

Градоначалникот Стефан Богоев, на Миа и на целиот нејзин тим им посака добро здравје, среќа и успех на овој глобален спортски настан.

„Основната цел, како локална самоуправа е да вложуваме повеќе во младите спортски таленти. Тоа е вистинска и трајна поддршка за македонскиот спорт. Секаде низ Европа, градовите и општините се оние кои даваат најголема поддршка за младите таленти од својата средина и гледаме и Карпош, колку што е можно да го следи тој пример“, рече Богоев.

Локалната самоуправа, во пресрет на олимпискиот настап ѝ додели на Блажевска – Еминова и еднократна финансиска поддршка.

На денешната средба, присутните разговарале и за пливањето како спорт и за големиот број придобивки кои ги носи истиот.

„Општина Карпош е во постапка и за изградба на затворен пливачки базен, до салата „Партизан“, кој пред сè ќе биде наменет за децата од основните училишта. Станува збор за инвестиција на Агенцијата за млади и спорт, која ова лето ќе почне да се реализира“, наведуваат од Општината.

општина Карпош пливање Стефан Богоев
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 25, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

ВЕСТИ June 25, 2026

Земјотресите што ја погодија Венецуела се најсилните регистрирани во земјата во повеќе од сто години,…

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.