НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Покренато обвинение против францускиот министер за правда за незаконско преземање интереси

0
By НОВА ТВ on July 16, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По шест часа сослушување, францускиот министер за правда, Ерик Дипонд-Морети од Судот на правдата на Република Франција беше обвинет за „незаконско преземање интереси“, поради тоа што сакал да расчисти лични сметки со поранешните судии, јави дописникот на МИА од Париз.

-Без изненадување, тој беше обвинет, изјави по сослушувањето Кристоф Инграин, еден од адвокатите на министерот.

Ова обвинение, како што посочуваат, е без преседан за еден министер за правда во Франција.

– Неговите објаснувања, за жал, не беа доволни за да се промени оваа одлука донесена пред сослушувањето. Очигледно сега ќе го оспориме ова обвинение, рече Инграин, кој ќе поднесе „жалба за ништовност “.

Тој додаде дека ова обвинение беше јасно објавено. – Ерик Дипонд-Морети реагираше многу спокојно и многу мирно, додаде тој, прецизирајќи дека министерот не е предмет на судска контрола.

Во овој случај, поранешниот адвокат е осомничен дека ја искористил својата функција како министер за да расчисти сметки со судиите со кои имал проблеми кога бил адвокат, што тој го негира.

Премиерот Жан Кастекс ја обнови „целата своја доверба“ во неговиот министер за правда Ерик Дипонд-Морети. Имајќи предвид дека „актите од кои потекнува оваа постапка“ спаѓаат во нормалната рамка на вршењето на министерските прерогативи на министерот за правда, премиерот го замоли да продолжи со акцијата за реформа и зајакнување на средствата доделени на јавната служба на правдата“, се наведува во соопштението на Владата на Франција.

Ерик Дипонд-Морети министер обвинение Франција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.