Велика Британија, Соединетите Американски Држави и Европската Унија ја обвинија Кина за голем сајбер напад насочен кон серверите на Мајкрософт Ексчејнџ на почетокот на оваа година. Во нападот биле опфатени околу 250.000 сервери на Мајкрософт Ексчејнџ, а влијаел врз најмалку 30.000 организации во светот, јавува Би-Би-Си.
Одговорни се кинеските државни чинители, сметаат од Велика Британија, додека од Европска Унија рекоа дека нападот доаѓа од теротирија на Кина. Кинеското министерство за државна безбедност, го обвинија за шпионажа.
Кон осудите се приклучиле НАТО, Австралија, Нов Зеланд, Јапонија и Канада.
Кинеските власти претходно ги негираа обвинувањата за хакерскиот напд и се спротиставија на на сите форми на сајбер напади.
Мајкрософт исто така ја обвини Кина за сајбер нападот.