Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ избори место во четвртфиналето на Олимпијадата во Токио, по убедливата победа над Шпанецот Фокина Давидович со 2:0 (по сетови 6:3 и 6:1).
Србинот е последниот кој обезбеди учество помеѓу најдобрите осум. Негов следен противник ќе биде Кеи Нишикори од Јапонија.
Двојки за четвртфинале на машкиот тениски турнир на ОИ во Токио:
Ѓоковиќ (Србиј) – Нишикори (Јапонија)
Зверев (Германија) – Шарди (Франција)
Качанов (Русија) – Умбер (Франција)
Карењо Буста (Шпанија) – Медведев (Русија)