Двајца атлетичари во скок со стап го завршија настапот на Олимписките игри уште пред да почнат натпреварите на стадионот во Токио поради позитивни тестови на коронавирус, а неколку членови на австралискиот тим се во изолација.
Како што јавија светските медиуми, олимпиското натпреварување во скок со стап ќе биде посиромашно за двократниот светски првак Сем Кендрикс, како и за аргентинскиот натпреварувач Герман Чиаравилјо.
Неколку членови на австралискиот тим, кои биле во контакт со Кендрикс, завршија во изолација како мерка на претпазливост.
– Членовите на австралиската делегација се изолирани во своите соби по веста за позитивен наод на ковид-19 кај американскиот атлетичар, соопшти Австралискиот олимписки комитет.