Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев и Филипче: Реконструираната болница во Гевгелија значи поквалитетни здравствени услуги за пациентите

0
By НОВА ТВ on July 31, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, July 31, 2021 15:07

Премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче заедно со пратеничките Марија Костадинова и Драгица Ѓавочанова и градоначалникот на Општина Гевгелија Сашо Поцков, денеска беа на увид на реконструираната Општа Болница во Гевгелија каде е изградена нова современа хируршка сала со нова медицинска опрема и во центарот за дијабетес и одделот за физикална терапија.

– Продолжуваме со низата капитални инвестиции во правец на подобрување на здравствените услуги за нашите граѓани кои се спроведуваа и се спроведуваат паралелно со целосната посветеност на здравствените работници во борбата со пандемијата. Вкупната вредност на работите што беа изведени изнесува 375.000 евра и беа опфатени и други значајни дополнувања како што се новиот центар за дијабет, нова комплетно опремена лабораторија, амбуланти за неврологија, урологија и ортопедија, и современи чекални, рече премиерот Заев и како особено значајно ја издвои новоизградената современа хируршка сала и набавката на медицинска опрема во вредност поголема од 250.000 евра за салата за хирургија, за центарот за дијабетес и за Одделот за физикална терапија.

– Болницата сега располага и со нов ехо апарат на Одделот за рентген дијагностика и со комплетно реновирани одделенија за хирургија, за нервни болести и за гинеколошко акушерски болести, објасни Заев.

Министерот за здравство Венко Филипче рече дека до крајот на годината оваа болница ќе добие апарат за компјутерска томографија, што многу ќе го олесни пристапот за вакви испитувања.

– Ќе продолжиме со зголемување на платите благодарение на оваа Влада , близу 30 милиони евра во изминатите три години се вложија во зголемување на примањата на здравствените работници во нашата земја. Драго ми е што сè повеќе млади доктори патот не го гледаат надвор од нашата земја и сакаат да работат тука во нашите здравствени установи, рече Филипче.

 

Директорот на Општата болница во Гевгелија, д-р Мите Крѓев рече дека пуштањето во употреба на новата хируршка сала заедно со реконструираното Одделение за невропсихијатрија значи создавање подобри услови за престој на пациентите.

– Градиме стандарди за лекување, дијагностика и престој на нашите пациенти и се надевам дека нивните впечатоци, како и на денешните присутни, се позитивни, изјави д-р Крѓев.

болница Гевгелија Заев Филипче
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.