НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Русија го засилува притисокот врз опозицијата пред парламентарните избори

0
By Mirjana on August 5, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Русија блокира сајтови на два медиуми и на една група за заштита на човековите права поврзани со протераниот критичар на Кремљ, Михаил Ходорковски.

Рускиот контролор на Интернетот „Роскомнадзор“, на барање на обвинителите го ограничи пристапот до сајтовите на „Open Media“ и „MBKh Media“,  како и до сајтот на групата за човекови права „Правозаштитни откритија“.

И групата за човекови права и двата медиуми вчера соопштија дека се затвораат за да го заштитат персоналот од можно малтретирање.

„Open Media“, медиум што е основан во 2017 година со финансиска поддршка на Ходорковски, на Твитер соопшти дека руските власти не сакаат критички медиуми и додаде „но, барем се обидовме“.

Во последните месеци во Русија се забранети бројни независни медиумски организации и групи како дел од зголемената репресија врз опозицијата пред парламентарните избори во септември.

„Open Media“, опозициска група основана од Ходорковски, во 2017 година беше идентификувана како „непожелна“ организација во Русија, согласно законот што беше насочен кон странски групи обвинети за политичко мешање. Групата, во мај, сооошти дека се затвора за да ги заштити своите членови од прогон.

Ходорковски, кој беше сопственик на нафтениот гигант „Јукос“ пред да биде осуден во два контроверзни случаи и помина една деценија зад решетки, сега живее во странство. Во јули, властите го забранија „Проект“, еден од последните независни медиуми во земјата, што се фокусираше на деталните информации за богатството на руската елита, вклучувајќи го и претседателот Владимир Путин.

Рускиот медиумски регулатор истиот месец блокираше 49 сајтови поврзани со затворениот критичар во Кремљ, Алексеј Навални, вклучувајќи ја и неговата главна Интернет страница- navalny.com.

Парламентарните избори во Русија ќе се одржат од 17 до 19 септември.

 

затворање медиуми Русија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.