Саудискиот фудбалски прволигаш Ал-Ахли денеска и официјално го промовира Езгјан Алиоски (29) како свое ново засилување. Македонскиот репрезентативец потпиша двегодишен договор со клубот од Џеда, откако му заврши четиригодишната соработка со Лидс, со кој избори и промоција во Премиер лигата.
– Од истокот на Англија до западот на Кралството Саудиска Арабија. Алиоски е во Џеда, објави вечерва Ал-Ахли на својот Твитер профил.
Ал-Ахли е петтиот клуб во кариерата на Алиоски, кој почна во швајцарски Јанг Бојс.
– Многу сум возбуден што започнувам ново патување со Ал-Ахли, изјави Алиоски по пристигнување во Џеда.
Новата фудбалска сезона во Саудиска Арабија стартува идната недела, а Ал-Ахли во премиерното коло, на 13 август, е домаќин на екипата на Ал-Фајсали.
Минатата сезона Ал-Ахли заврши на осмата позиција во првенството на Саудиска Арабија.