НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Целта на апелот за вакцинација е да се постигне колективен имунитет

0
By Ivana on August 16, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од денеска ќе започне со работа модуларната болница до инфективната клиника и инфективното оделение во болницата 8 ми Септември, еден дополнителен тријажен центар на Институтот за ТБЦ и два тријажни центри во рамките на Здравствениот дом информира Министерот за здравство Венко Филипче

– Евидентно е дека расте бројот на нови случаи, се зголемува и бројот на пациенти на кои што им е потребан хоспитализација.  Најголем притисок има во болниците во Тетово и во Гостивар, во Струга исто така се засилува. Во Тетово се хоспитализирани 90 пациенти, во Гостивар 70 пациенти, нивните интерни инфективни одделнија се со исполнет капацитет и имаат простор за уште неколку дополнително делови од одделенијата. Болницата во Лешок е полна со пациенти на кои им е потребен прием и согласно тоа утрово направивме координација во однос на тоа каде да се праќаат пациентите. Викендов имаше голем притисок како од тие градови, така и тука од Скопје во однос на Клиниката за инфективни болести и Институтот за тубекулоза, и тие капациетти се целосно исполнети, рече Филипче.

Што се однесува до процесот на вакцинација, Министерот Филипче вели дека апелот и пораката за вакцинација е за што пократко време се постигне колективен имунитет.

– Минатата недела имаше денови кога достигнавме до бројка и до 8000 граѓани кои се пријавија да примат прва доза вакцина. Некаде 50 000 вакцини се дадени минатата недела, верувам дека тој тренд ќе продолжи за да со забрзано темпо се зголемува опфатот со вакцинација, која изнесува 35 проценти на територијата на целата држава. Процентот на вакцинирано население над 70 години од 63 порасна на 70 проценти и на граѓаните над 50 години од 45 до околу 50 проценти. Гледаме дека има голем број пациенти во градовите каде опфатот со вакцинација е понизок. Градовите каде има висок процент на вакцинирани се Охрид, Битола, Штип, нема пациенти со болниците, што верувам дека и натаму ќе остане така, истакна Филипче.

Според него, досега се вакцинирани 4000 деца на возраст до 18 години во сите возрасни категории, а најмногу се вакцинираат на возраст од 16, 17 и 18 години.

За луѓе што се имунокомпромитирани, ќе се препорача и трета доза вакцина, најави Филипче.

– Утринава имаше уште една препорака од Комитетот за вакцинација, а тоа е дека ќе се препорача трета доза кај луѓе кои се имунокомпромитирани. Според препораката на ЦДЦ и здравствените институции во Соединетите Американски Држави, изјави Филипче.

Коментирајќи го вчерашниот антивакцинален протест, Филипче рече дека никој не е присилен да биде вакциниран.

– Вакцините се безбедни. За 20 пати се намалува ризикот од смртен исход. Во иднина ќе има нови соеви и вака ќе се бориме и против нив.Во однос на протестот сум разочаран, Не слушнавме реторика или порака во однос на вакцините. За жал беше полн со навреди, закани и здравствените работници кои ги ризикуваа животите за здравјето на пациентите и ги ризикуваат животите деноноќно. Веруам дека сепак пораката за безбедноста на вакцинацијата и важноста да се заштити јавното здравје како врвен приоритет да им биде јасна на граѓаните. Ќе побарам Лекарската комора да го осуди тоа што се случи на протестот, рече Филипче.

Министерот Филипче  посочи дека утринава на состанокот со Комисијата за заразни болести било разговарано за нова мерка која ќе биде предложена во текот на утрешниот ден.

Новата мерка ќе се однесува на сите граѓани, македонски и странски државјани.

– Мерката ќе се однесува за влез и излез од нашата земја. Ќе биде барана потврда за вакцинација, негативен ПЦР тест или доказ за прележување на болеста, истакна Филипче.

Во Тетово не се воведуваат дополнителни мерки иако таму е критично во поглед на хоспитализациите. Има 90 граѓани во тетовската болница, во Гостивар има 70 а во Инфективната клиника во Скопје има 95.

 

апел вакцинација Венко Филипче
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.