Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пентагон: Продолжува евакуацијата од Авганистан и во следните недели

0
By Biljana on August 17, 2021 СВЕТ
Фото: wikipedia
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, August 17, 2021 17:09

САД веруваат оти имаат капацитет да извлечат од Кабул од 5.000 до 9.000 луѓе дневно.

САД остануваат посветени на повлекувањето од Авганистан и ќе настојуваат да евакуираат што е можно повеќе американски државјани и авганистански преведувачи во следните недели, изјави денеска портпаролот на Пентагон, Џон Кирби.

„Остануваме посветени да го завршиме повлекувањето на безбеден и уреден начин. Ќе направиме се што можеме за да извлечеме што е можно повеќе американски државјани, како и многумина толкувачи и преведувачи кои им помагаа на американските сили. Ќе работиме напорно во следните недели за да извлечеме што е можно повеќе луѓе од земјата“, истакна Кирби во интервју за Ем Си Ен Би Си.

Портпаролот на Пентагон во интервјуто рече дека САД веруваат оти имаат капацитет да извлечат од Кабул од 5.000 до 9.000 луѓе дневно, додавајќи дека се верува оти 5.000 до 10.000 американски граѓани останале во подрачјето на главниот град.

Три американски бази се подготвени да примат до 22.000 авганистански сојузници во следните недели, изјави портпаролот.

Според него, во изминатите 24 часа повеќе од 700 луѓе, меѓу кои 150 американски државјани, биле евакуирани од Кабул.

„Аеродромот е отворен и летовите започнаа, но постојат одредени безбедносни проблеми поврзани со јужната страна на аеродромот“, нагласи Кирби, додавајќи дека САД брзо ќе одговорат на секој напад врз своите луѓе и операции на аеродромот во Кабул.

Авганистан евакуација Авганоистан САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.