НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Активни пожарите кај Раовиќ и Ракле, локализиран пожарот над Патишка река

0
By НОВА ТВ on August 18, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Никако да се изгаси пожарот во близина на Сарај. Гори нискостеблеста мешана шума на недостапен терен.

Сè уште се активни пожарите кај Раовиќ и Буковиќ во Општина Сарај и во атарот на Ракле – Никодин – Топлица во Општина Прилеп.

Пожарот кај село Раовиќ и Буковиќ (Сарај) е на недостапен терен кон сртот на планината Осој. Се уште гори нискостеблеста мешана и деградирана шума. На терен се екипите од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и Армијата (АРСМ).

Пожарот во атарот на Ракле – Никодин – Топлица е со слаб инетнзитет, на непристапен терен. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопштија дека се забележува само чадење (без пламен) во високиот непристапен дел. Од увид на лице место извршен од страна на двајца пожарникари од ТППЕ-Прилеп утврдено е дека не постои опасност пожарот да загрози некое населено место. На терен е испратена екипа од седум работници кои се на лице место – четворица работници се на горниот дел и тројца на долниот дел.

– Пожарот на планината Готен кај село Нивичино место викано Калинско присое-стара беровска сеча е локализиран од Струмичкиот дел. Се прават пресеки и расчистување на лиснаста маса, во внатрешноста на пожарот горат стари трупци кои се префрлени во средина да догорат. Постепено се прибираат за повлекување назад. На терен се ТППЕ Струмица со едно противпожарно возило и четворица пожарникари, МВР-СВР-Струмица четворица полицајци и едно возило, ЕЛС Василево со четворица вработени и едно возило, МЗШВ Струмица со еден вработен, ДЗС ПО Струмица еден вработен, ПШС Беласица 10 вработени и две возила, посочуваат од ЦУК.

Во моментот пожарот во месноста Готен, беровско, е под контрола. Нема опасност од проширување. Гори само во внатрешноста веќе опожарената дрвена маса. Сите екипи ќе бидат на терен во текот на денот заради контрола и чистење на внатрешните запаливи точки.

Пожарот кој е лоциран на месноста викана Рада, над селото Патишка Река е локализиран, но има ветер и не делува врз него и не го проширува во моментов. На лице место има пет лица од ловиште Јасен кои ја следат ситуацијата.

пожар Прилеп Сарај ЦУК
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.