Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тешка ноќ за пожарникарите и локалното население во северозападниот дел на Атина, пожарот сè уште не е ставен под контрола

0
By НОВА ТВ on August 18, 2021 РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, August 18, 2021 21:40

Шумскиот пожар во околината на планинското село Вилија во северозападниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина и понатаму не е ставен под контрола, а  противпожарните сили барем засега спречија, огнената стихија да стигне до куќите, иако неофицијално најмалку два објекти претрпеа штета, јави дописничката на МИА од Атина.

Пожарникарите ги очекува тешка ноќ, со оглед на тоа дека се активни повеќе жаришта во непрооден дел, а воздушните средства не интервенираат во мрак.

Министерот за цивилна заштита на Грција Михалис Хрисохоидис вечерва информираше дека во справувањето со огнената стихија вклучени се 427 пожарникари со девет пешадиски тима и 149 возила, а во текот на денот интервенираа и 29 воздушни средства меѓу кои и рускиот авион Бериев-200.

-Пожарникарите, буквално борејќи се со природната стихија, спречија пожарот да влезе во селото. Во конкретниот случај, треба да се соочат со густа шума, без посеви што би можеле да бидат природни зони за спречување, со постојани промени на правецот на ветерот и без да постои патна мрежа, што го отежнува пристапот до конкретните точки, рече Хрисохоидис.

Соопшти дека во текот на денот избувнале 42 пожари, а во целата земја има 84 пожари.

Иако во претпладневните часови се чинеше дека пожарот што е активен од понеделникот, полека се става под контрола, попладнево, промената на правецот на ветрот, предизвика неконтролирано ширење на огнот што стигна блиску до селото Вилија.

Заменик- префектот на периферијата Атика Василис Кокалис за грчката телевизија „Опен“ попладнево објасни дека во период од два и пол час неколку пати се сменила насоката на ветерот, а со тоа и интензитетот и правецот на пожарот и истакна дека „пожарот ќе запре кога нема да има што друго да изгори“.

Планинското село Вилија се наоѓа во северозападниот дел на областа Атика, на околу 50 километри од центарот на Атина и има околу 4.000 жители.

Атика Атина вилија пожари
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026
ФОКУС
April 23, 2026Updated:April 23, 2026

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

ВЕСТИ April 23, 2026

Под мотото „Договорите не се поништуваат. Уметниците не се понижуваат“, Синдикатот на култура иницира нов…

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.