НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Можеме да примиме и 1.800 миротворци и хуманитарци од Авганистан

0
By НОВА ТВ on August 19, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот уверува дека имаме капацитет да ги сместиме Авганистанците.

Нашата земја знае што значи солидарност и колку е важно на солидарноста да се врати со исто таква солидарност и разбирање на трагедијата на луѓето, рече премиерот Зоран Заев во интервју за ТВ Сител на прашањето за одлуката Северна Македонија да прифати одреден број граѓани на Авганистан.

– Понудивме помош затоа што отсекогаш сме биле и ние солидарни и знаеме што  значи солидарност. Граѓаните треба да се сетат дека Авганистан учествуваше во изградбата на Скопје после катастрофалниот земјотрес и учествуваше во изградбата на Универзалната сала. Во поново време авганистанските граѓани работеа со нашите војници во заложбите да се воспостави демократијата во оваа земја. Работеа на хуманитарните проекти во Авганистан и наша должност е сега да им помогнеме кога животот им е во опасност, рече Заев.

Тој додаде дека политикантски се коментарите дека нашата земја покажала повеќе волја од поголеми и побогати држави да ги прифати бегалците  од Авганистан.

„Ова е прашање на вредности, на хумана определба да покажеме дека сме луѓе и дека имаме разбирање за страдањето на народот на Авганистан. Многу сум горд на тоа дека ќе им дадеме надеж на 450 до 500 или повеќе луѓе во неволја“, истакна Заев.

Премиерот вели дека сè уште не знае точно и колку има потреба да се примат луѓе од Авганистан, но вели дека имаме капацитети.

– Можеме 1.000, 1.200, 1.800 луѓе да примиме и слично. Во моментов сме потврдени со 450, додека разговараме веројатно се потврдуваме некои нови 70 исто така миротворци и хуманитарци, изјави Заев.

Авганистан граѓани евакуација Заев капацитет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.