Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Кој како сака нека влезе во коалиција, очекувам победа на нашите кандидати

0
By НОВА ТВ on August 19, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 19, 2021 20:27

Заев на вториот круг од локалните избори очекува победа во 30 општини и во Град Скопје.

По 35-те објавени кандидати за градоначалници, СДСМ ќе донесе одлуки и за кандидати за уште 35, меѓу кои се големи градови како Куманово, Струмица, Охрид, Битола… во десетина општини нема да има кандидати и ќе ги поддржи предлозите на партнерите во коалицијата, соопшти претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев.

Во првиот круг од изборите очекува, како што рече, убедлива победа во 30 општини и во град Скопје односно во половина од местата каде што конкурираат директно со нивниот опонент.

– Граѓаните се свесни за сите наши слабости, но и за сите наши предности и ќе направат сериозна компарација  со останатите кандидати од сите други понуди. Целосно сум растеретен за одлуката на граѓаните, но верувам во победата и дека кормилото треба да остане кај СДСМ заради сите наши досегашни политики. Во победата верувам заради  најдобрите кандидати, најшироката коалиција, најдобрите програми и зашто водиме на анкетите. Мене ми е важно да ги мотивирам, да испорачам најдобра понуда. Направивме преку 80 анкети за тоа што е најважно во секоја општина, за што нашиот наод дава предност… Големите четири партии имаме буџет од државата за истражување, за да ги најдеме најдобрите советници и градоначалници за да донесеме одлука, рече Заев вечерва во гостување на ТВ Сител.

Тој не гледа закана во најавеното коалирање меѓу Алијанса за Албанците и ВМРО-ДПМНЕ, но смета дека нивните поддржувачи нема да гласаат за другата партија затоа што е тоа израз на нивните политики.

– Кој како сака нека влезе во коалиција, ние сме одговорни пред граѓаните и тие не оценуваат по одулите што ги носиме. Но политиките што се етноцентристички и се контра нашето мултиетничко опшптество и зборат за чиста Македонија е првата причина за која око не ми трепнува дали некој ќе влезе во некоја коалиција. Тврдам дека поддрѓувачите на Алијанса нема да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, ниту поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ нема да гласаат за Алијанса. Не затоа што мене тоа ми се допаѓа, туку тоа е израз на нивните политики кои се радикални, рече Заев, според кого Мицкоски нема став кога од една страна во колација ја поканува Левица која, рече, е против Албанците,а  од друга страна влегува во колаиција со албанска политичлка партија.

Левица одби соработка со Мицкоски, но ни Заев не планира соработка со партијата на Димитар Апасиев затоа што, како што рече, има радикални политички ставови и се отворено против НАТО, Албанците и другите малцинства, стратешките партнери ЕУ и САД и против соседите.

– Тоа се квазиполитики кои се популистички и носат гласови ден за ден и не му требаат на нашиот народ. Сите овие радикални екстремни партии ги видовме и во соседни земји, во еден турнис добиваат поддршка и потоа ги нема. Изманипулираните граѓани поттикнати со лажен патритоизам и напаѓање на се и сешто, во првот момент заклучуваат дека се излажани, рече Заев.

градоначалници Заев избори СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 6, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

ВЕСТИ July 6, 2026

 Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот изрази оптимизам за напредокот кон завршување на војната во…

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

July 5, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.