На граничниот премин „Табановце“ утринава се чека околу 30 минути за влез и излез од земјава, додека на останатите гранични премини нема подолги задржувања, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).
Оттаму за денеска најавуваат краток прекин на сообраќајот на делницата Пресека-Врбјани, на патниот правец Кичево-Охрид, во периодот од 11:30 до 14:30 часот. На останатите патни правци низ државата сообраќајот се одвива непречено.