Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Израелско истражување: Третата доза вакцина значително ја зголемува заштитата

0
By НОВА ТВ Balaban on August 23, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, August 23, 2021 09:44

Третата доза на вакцината обезбедила пет до шест пати поголема заштита десет дена по вакцинацијата кога станува збор за тешка болест и хоспитализација.

Трета доза на вакцината на Фајзер против ковид-19 значително ја подобрува  заштитата од инфекција и сериозни болести кај луѓето над 60-годишна возраст во споредба со оние кои примиле две дози, објави израелското Министерство за здравство.

Резултатите од истражувањето се совпаѓаат со статистичките податоци објавени минатата недела од „Макаби“, една од неколкуте израелски организации кои обезбедија засилувачки дози со цел спречување на ширењето на делта сојот на коронавирусот.

Презентирајќи статистика од Институтот Гертнер и КИ, претставници на Министерството истакнаа дека меѓу луѓето над 60-годишна возраст, заштитата од инфекција 10 дена по добивањето на третата доза од вакцината била четири пати поголема отколку по две дози.

Третата доза на вакцината обезбедила пет до шест пати поголема заштита десет дена по вакцинацијата кога станува збор за тешка болест и хоспитализација.

Оваа возрасна група е особено ранлива на Ковид-19 и е првата која се вакцинира во Израел.

Повеќето од вакцинираните кои сериозно се разболеа во последните недели, беа над 60 години и имале претходни здравствени проблеми.

Израел почна да ја дава третата доза на лицата над 60 години на 30 јули.

Минатиот четврток, Израел ја намали возрасната граница за третата доза на 40 години, вклучувајќи бремени жени, наставници и здравствени работници на возраст под 40 години.

Третата доза се дава само на оние кои ја примиле втората пред најмалку пет месеци.

САД објавија дека планираат да им понудат трета доза вакцина на сите граѓани, бидејќи заштитата од вакцинацијата опаѓа со текот на времето. Канада, Франција и Германија ќе го сторат истото.

Израел моментно има една од највисоките стапки на зараза по глава на жител во светот поради ширењето на делта варијантата на коронавирусот.

Речиси 1,5 милиони луѓе од вкупното население од 9,3 милиони ја примија третата доза.

Вакцина Израел истражување Трета доза
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 9, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

ВЕСТИ May 9, 2026

Ден на Европа оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“.

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.