Италијанскиот дипломат, кој служеше како висок цивилен претставник на НАТО во Авганистан, соопшти дека ја напушта земјата од аеродромот во Кабул.
Си заминувам од Кабул со тешко срце. Моја благодарност до сите сојузници и партнери на НАТО за масовните напори за евакуација од Авганистан и покрај сите предизвици. НАТО одигра клучна улога во извлекувањето на илјадници луѓе и посветен е да ги доведе другите на безбедно место, напиша Стефано Понтекорво на Твитер.
И Авганистанците и странските државјани со сите сили се обидуваат да го напуштат Авганистан пред крајниот рок на 31 август. Талибанците ја презедоа контролата врз земјата претходно овој месец.